(Скопје, 17.04.2018) – Македонскиот национален MOS натпревар го бара највештиот и најдобар познавач на Мајкрософт офис апликациите. Сите ученици од основни и средни училишта, како и студенти на факултети од Македонија кои се на возраст од 13 до 22 години и кои имаат напредни вештини и познавања за ворд, ексел и пауер поинт, можат да се пријават и да учествуваат на националниот MOS натпревар. Пријавувањето на натпреварувачите трае до 20ти април, а големото финале ќе се одржи кон крајот на мај во Скопје. Победниот од натпреварот ќе учествува на светскиот натпревар Мајкрософт офис специјалист 2018 година, кој годинава ќе се одржи во Флорида, САД...