Како студирањето на еден од најдобрите универзитети во светот може да придонесе за вашиот професионален живот?
- Детали
- вторник, 17 април 2018
Одговорот е едноставен – изборот на вистински универзитет за вашите идни планови. Не знаете како? Еве неколку клучни работи што треба да ги разгледате при изборот на универзитетот. Цената на кафето во студентската кантина не треба да биде една од нив, додека проверката на рангирањето на универзитетот сигурно треба да биде една од клучните точки што треба да се разгледуваат пред да изберете.
Почетната точка што треба да се разгледа е како сакате да учите т.е. да ја балансирате теоријата и практиката за да бидете на вистинскиот пат кон развивање на потребните знаења и вештини. Академското портфолио и какво искуство имаат потенцијалните професори е уште еден важен сегмент што треба да се провери. И последно, но не и најмалку важно, поточно треба да биде на врвот на листата е да се провери процентот на вработување или колку студенти добиваат работа веднаш по дипломирањето.
Ако вашата цел е диплома од престижен универзитет, факултет акредитиран и признат од официјални меѓународни тела, одличен академски кадар, богата истражувачка околина, иновативна настава – премин од теорија во пракса, кариера во Европа и светот, живописен студентски живот и кампус во градскиот центар на прекрасен медитерански град – имате совршено совпаѓање со Сити колеџ Солун.
Студентите од Сити колеџ добиваат дипломи од универзитетот Шефилд, еден од првите 100 универзитети во светот, на 26 место во Европа и 82 во светот и во „Топ 10те универзитети за истражувачка моќ”. Припаѓа на 1% од „Најдобрите универзитети во светот”. Дипломите се признати во 196 држави, односно во целиот свет.
Сити колеџ поседува седум различни врвни меѓународни акредитации, што е само уште еден доказ за квалитетот на образованието кое оваа институција го нуди. Образовниот процес се одвива во мали студентски групи, што на идните професионалци им нуди одлично академско искуство, а од огромната функционална мрежа на дипломци во земјата и пошироко во регионот, студентите имаат секогаш достапна поддршка.
Универзитетот Шефилд, како дел од професионалниот кадар има дури 6 добитници на Нобелова награда, а дипломците и студентите од овој универзитет се на позиции со голема одговорност и влијание во целиот свет, давајќи значаен придонес во општеството. Дел е од престижната Russel група, составена од водечките институции за истражување кои се врвно рангирани насекаде во светот. Овој универзитет е препознаен од студентите како институција која нуди најдобро студентско искуство, според анкетата направена од страна на Times Higher Education во 2016 година.
Студирањето на Сити колеџ е предност што може да ги импресионира работодавците низ целиот свет поради одличната репутација и критичните вештини кои студентите ги развиваат. Како универзитет од светска класа со репутација за академска совршеност, Сити колеџ е популарен избор за работодавците да регрутираат студенти и дипломци за нивните практикантски и дипломирани работни места. Така, изгледите за кариера се шират од Европа до целиот свет и нудат голема можност за студентите од Сити вработување за колеџ, што значи многу можности за професионална кариера.
Повеќе информации заинтересираните кандитати можат да најдат на следниот линк.