Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали

Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата година според стариот календар.

se-slavi-sveti-vasilij-veliki-den-za-imendeni-i-karnevali-01.jpg

Според Православниот календар денес (14.01) се слави Свети Василиј Велики, или Стара нова година, затоа што овој ден, всушност е 1-ви јануари според стариот календар. Голем број семејства денес слават слава, а именден слават Василиј, Васил, Васе, Василија, Васа...

Името Василиј потекнува од старогрчкиот збор basileus и значел „крал“.

Свети Василиј Велики е архиепископ Кесариски, кој бил роден во времето на царот Константин.

se-slavi-sveti-vasilij-veliki-den-za-imendeni-i-karnevali-02.jpg

Петнаесет години во Атина ги изучувал филозофијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки од тоа време.

Во зрелите години се покрстил во реката Јордан, а 10 години бил епископ на Кесарија Кападокиска.

Василиј бил голем поборник за христијанството, морално чист и исклучително борбен.

se-slavi-sveti-vasilij-veliki-den-za-imendeni-i-karnevali-03.jpg

Освен што денес се слави именден, во некои градови денес се организираат и карневали.

Па така, на овој празник традиционално се организира и Вевчанскиот карневал, а во Битола традиционално низ улиците се движат и таканаречените Бабари кои облечени во стари алишта прават врева низ улиците.

se-slavi-sveti-vasilij-veliki-den-za-imendeni-i-karnevali-04.jpg

Се верува дека карневалите се поврзани со паганските обичаи на прослава на новата година и целта е со помош на маските да се протераат старите и лоши духови од минатата година.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg