Се слави свети пророк Илија – тие што ќе работат може да бидат казнети со гром

Според пишувањата во светото писмо, пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот. Денес се слави големиот пророк свети Илија.

se-slavi-sveti-prorok-ilija-koj-raboti-mozhe-da-bide-kaznet-so-grom-01.jpg

Со оглед на тоа што кај нас 2-ри август многу повеќе се поврзува со денот кога се одбележува годишнина од Илинденското востание, често во втор план се става и христијанското значење на денот.

На овој ден освен што се прославува македонската револуционерна борба, истовремено се слави и православниот празник Свети Илија, кој има големо значење за Македонците и православните христијани.

На 2-ри август се слави празникот посветен на светиот Пророк Илија кој во народните верувања се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот.

Често се нарекува и Свети Илија Громовник, затоа што според традиционалните верувања, тој управува со грмотевиците.

se-slavi-sveti-prorok-ilija-koj-raboti-mozhe-da-bide-kaznet-so-grom-02.jpg

Се верува дека свети Илија бил еврејски пророк кој живеел цели девет века пред Христа.

Кога се родил Илија, неговиот татко Савах видел ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова било предзнак за неговиот огнен карактер.

Целата младост ја минал во тишина и често се повлекувал во пустината за да се моли.

Според Библијата, Илија имал судир со израелскиот цар Ахав и неговата изопачена жена Језавела, зошто тие им се поклонувале на идолите и го одвраќале народот да му се поклонува на Бог.

Со големи чуда Илија ја покажа силата и власта Божја: го затвори небото, па немаше дожд три години и шест месеци; спушти оган од небото и му запали жртва на својот Бог; со својата наметка го пресече Јордан; и најпосле беше земен на небото во огнени кочии со огнени коњи.

Според пишувањата во светото писм, пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот.

se-slavi-sveti-prorok-ilija-koj-raboti-mozhe-da-bide-kaznet-so-grom-03.jpg

На овој голем празник именден слават: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо, Илин…

Во нашата традиција останало верувањето дека не треба ништо да се работи и денот да се помине во тишина и во молитва, затоа што ако се работи на отворено, Свети Илија може да те казни со грмотевица.

se-slavi-sveti-prorok-ilija-koj-raboti-mozhe-da-bide-kaznet-so-grom-04.jpg

На овој ден во Крушево се собираат голем број Македонци кои ја прославуваат годишнината од Илинденското востание, а во источниот дел, постои традиција овој ден да се помине во Дојран.

Доказ дека овој празник бил од големо значење за дојранци е и тоа што во градот постои голема катедрална црква која била изградена во 1848 година во време на разрушениот град Дојран. 

Таа беше возобновена и реставрирана во 2016-та година. 

Празникот исто така се одбележува и во Лазарополе, но и во голем број други македонски градови и села.

se-slavi-sveti-prorok-ilija-koj-raboti-mozhe-da-bide-kaznet-so-grom-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Мартин од „Некст тајм“ ќе стане татко, објави фотки од трудничкото стомаче на сопругата Мартин сподели неколку фотографии со сопругата - додека ја бакнува во челото и ф...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg