Women’secret отвори нова продавница во трговскиот центар Рамстор
- Детали
- четврток, 05 април 2018
Шпанскиот бренд за долна облека, костими за капење и додатоци Women’secret денес отвори нова продавница во трговскиот центар Рамстор. Девојките и жените од Македонија сега ќе имаат уште една дестинација каде со сигурност ќе го пронајдат она што им треба, без разлика дали станува збор за софистицирани, сензуални модели или пак полежерни, удобни парчиња.
И во новата продавница во ТЦ Рамстор може да се најде најновата колекција за пролет/лето 2018 која изобилува со долна облека, пижами и модни додатоци направени од природни материјали во нежни, пастелни бои. Освен долната облека, во колекцијата за оваа сезона може да се најде и облека за релаксираните елементи во домот – модели кои не само што се удобни, туку неизбежно ја истакнуваат и женственоста.
Како дел од колекцијата за пролет/лето 2018 е и невестинската колекција сочинета од долна облека, ноќници, подврски и останати додатоци кои ќе го дополнат специјалниот ден на секоја невеста.
Women’secret е еден од првите брендви во Македонија кои започнаа соработка со бренд амбасадори – жени кои сметаме дека во целост одговараат со карактерот на брендот и чиј сензибилитет се рефлектира во секоја колекција на women’secret. Бројот на “Пријателки на women’secret” постојано се зголемува и опфаќа жени од сите сфери на живеењето.
Women’secret постои во Македонија од 2012 година, со отворањето на првата продавница вo Скопје Сити Мол. Овој бренд е дел од шпанската групација Кортефил, еден од лидерите во глобалната модна индустрија. Создаден во 1993 година во Шпанија, брендот започнува интернационална експазија во 2001 година и во моментов е присутен во 64 земји со 650 продажни места.