Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија
- Детали
- понеделник, 18 декември 2023
„Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата светиња. Да сте живи и здрави“, напиша Ламбе на Инстаграм. Претходно пејачот сподели дека повторно ќе оди во САД каде што ќе вози камион, но се чини дека само се шегувал.
Викендов (17.12) пејачот Ламбе Алабаковски објави фотографии од камион – шлепер и кажа дека ќе се врати да живее и заработува во САД, бидејќи во Македонија за него веќе нема живот.
„Удбашка земјо мила збогум. Од љубов не се живее. Само за Теа Таировиќ има леб тука и сличните на неа. Збогум и поздрав до следно видување. Можи ќе се опоравиш и ќе те направиме македонска целосно“, напиша тој, но брзо потоа ги избриша фотките.
Алабаковски сега сподели нова фотка, на скии покрај Дедо Мраз, па вели, решил да остане.
„Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата светиња. Да сте живи и здрави“, напиша тој на Инстаграм.
„Седи бе кај ќе одиш со тие шлеперите по туѓина“,
„Зафркавај си ги тие што лесно потпаѓаат“, му напишаа во коментарите.
Ламбе, кој долги години живееше во САД, во интервју за CRNOBELO.com неодамна кажа дека одлуката да се вратат во Македонија била заедничка, негова и на сопругата Магдалена, но била и многу лесна, бидејќи, двајцата си ја сакаат татковината и тука животот е поубав отколку во Америка.
Прочитајте и Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“
А. Ј. | Црнобело