Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024
- Детали
- вторник, 05 декември 2023
Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја претставуваше Андреа Коевска, со песната Circles.
Откако Македонија не настапи на Евросонг 2023, земјава нема да учествува на најголемото музичко натпреварување ни вгодина во Малме, Шведска.
EBU излезе со официјална листа од 37 земји кои ќе се натпреваруваат во 2024, но Македонија не е меѓу нив.
Иако пред неколку месеци во јавноста имаше шпекулации дека по една година пауза Македонија ќе се врати на Евросонг, тоа не се случи.
Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја претставуваше Андреа Коевска, со песната Circles.
Иако не се натпреварувавме на Евровизија, земјава имаше свој претставник на Јуниорскиот Евросонг во Ница, Франција.
Таму нè претставуваше Тамара Грујеска, која заврши на 12-то место.
A. J. | Црнобело