Сите се бориме со жештините во лето, маглите во зима, константните гужви и брзиот тек во градските џунгли. Затоа после напорен ден најмногу ни е потребен мир и спокој, во тивка и чиста околина. Токму таква населба е Сопиште која е оддалечена на само 7 километри од центарот на Скопје. Има поволна географска положба, пред сè поради непосредната близина на Скопје. Сопиште е ридска населба расположена на југоисточната падина на планината Водно на надморска височина од 540 метри. Се карактеризира со преод меѓу умерено-континентална и планинска клима, помали температурни осцилации, поголеми врнежи, поинтензивно осончување и мала честина на магли. Значаен дел од општината е под шума (40%). Звучи идеално, нели? Затоа што е...