Превентивни прегледи преку семејно приватно здравствено осигурување - грижа за целото семејство

Еуролинк во рамки на полисата за семејно приватно здравствено осигурување на клиентите им нуди и користење на сите превентивни прегледи во вредност до сто евра, со што на клиентите им овозможува современа превентива  и ги поттикнува навремено да се грижат за своето здравје. Оваа новина осигурителната компанија ја воведува како дел од својот продукт за приватно семејно здравствено осигурување, кое на семејствата во Македонија им нуди врвна здравствена грижа и лекување во сите приватни здравствени установи по избор на клиентот без ограничување, а со цел да ги стимулира семејствата да ги прават потребните превентивни прегледи кои ќе придонесат за зачувување и подобрување на нивното здравје.

preventivni-pregledi-preku-semejno-privatno-zdravstveno-osiguruvanje-griza-za-celoto-semejstvo-001.png

Граѓаните можат да одберат во зависност од потребите на семејството ОСНОВЕН, КОМФОРТ или ПРЕМИУМ пакет за семејно приватно здравствено осигурување, со редовна цена од 1800, 2000 и 3350 денари месечно, соодветно на пакетот, со кој се опфатени сите членови на семејството.

Клиентите кои ќе одберат Комфорт и Премиум пакет во промотивниот период до 30 јуни оваа година, во рамки на продуктот добиваат 100 евра за користење на било кои превентивни прегледи по избор на клиентот.

- Основната цел на Еуролинк осигурување е да им го подобри квалитетот на животот на граѓаните, а со продуктот семејно приватно здравствено осигурување на семејствата им го нудиме токму тоа – врвно лекување во сите приватни здравствени установи. Уште повеќе, во интерес и на семејствата и на компанијата е тие да се здрави и да се грижат долгорочно за своето здравје, затоа и вложувањето во превентивните прегледи треба дополнително да ја поддржи грижата за сопственото здравје пред да биде потребно лекување, а Еуролинк е единствена осигурителна компанија која им го нуди токму тоа, истакнува Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Би можело да ве интересира:

Секоја чест! За неполн ден собрани скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна За помалку од 24 часа, откако родителите Трајче и Васка Панови испратија апел за...
Негрижата на властите - ризик по здравјето на децата! Во нашиот главен град Скопје и во неколку други градови во државата, квалитетот ...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Синчето на Антониа Гиговска го прослави првиот роденден: „Не знам што би правеле да не си ти“ Антониа Гиговска првпат објави фотки на кои се гледа лицето на синчето Киан, по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg