Македонската асоцијација за човечки ресурси бележи девет години успешна работа
- Детали
- петок, 18 мај 2018
Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) вчера го прослави својот 9ти роденден. Единствената организација што ги промовира и работи на унапредување на HR професијата и развој на човечките ресурси во организациите, е формирана во 2009 година како непрофитно здружение на граѓани. Со својата работа се стреми кон поддржување на највисоките идеали во областа на управувањето со човечки ресурси и за посестрано прифаќање на оваа професија. Целта на МАЧР е професијата човечки ресурси да се унапреди и со тоа да се примени за успешно работење на организациите.
Во истата насока, асоцијацијата секоја година ја организира Меѓународната конференција за човечки ресурси што овој пат ќе се одржи на 31ви мај во хотелот Александар Палас. И оваа година, на јубилејната конференција, гости предавачи ќе бидат реномирани професори и професионалци од повеќе европски држави, а тема на која ќе бидат предавањата е “From HR to RH – Respect for Humanity” (Од менаџмент со човечки ресурси – до почит кон луѓето) – http://mhraconference.mk.