Екоакцијата на Ротари Македонија успешно ослободи 13 македонски градови од 15 тони отпад
- Детали
- среда, 16 мај 2018
Екоактивностите за собирање и селекција на отпадот од јавните површини во 13 градови низ Македонија, во организација на Ротари Македонија - заврши успешно, а беа собрани 15 тони отпад. Викендот што измина, поточна на 12 мај, со почеток во 10.30 часот, Ротари Македонија, во соработка со Пакомак, организираа голема екоакција за собирање и селекција на отпад во која учестуваа околу 400 ротаријанци од сите градови каде има Ротари клубови.
Со акцијата под мотото „Ракавици, кеса, селекција - сите во екоација!“ беше одбележан првиот Ротари ден во Македонија, а беше поддржана од пријатели на клубовите и случајни минувачи.
„Нашата главната цел е да се подигне свеста за чиста околина, селекција на отпадот и значењето да се има чист град, како и дружба на членовите на клубот меѓусебе и со сите активни граѓани кои ќе се вклучат на акцијата“ – изјавија членови на Сојузот на Ротари Клубовите.
Екоакцијата се одвиваше паралелно во 13 градови во Македонија: Скопје, Велес, Кочани, Виница, Куманово, Тетово, Неготино, Штип, Прилеп, Кавадарци, Св.Николе, Битола и Охрид.
Ротари клубовите од цела Македонија им благодарат на граѓаните во споменатите градови кои се приклучија на екоакцијата и со овој мал чекор, заедно овозможија почиста средина за живеење.