Од ФЕИТ до Холивуд и ЕМИ номинација

Сите четворица говорници на петтиот Feed Your Brain настан, ги започнале своите студии на истото место каде што овој вторник застанаа и говореа пред свои помлади колеги на Факултетот за Електротехника и информациски технологии или познато како ФЕИТ.

od-feit-do-holivud-i-emi-nominacija-01.jpg

Кристијан Даниловски еден од основачите на FX3X, Александра Дилевска директор на најпознатата маркетинг агенција во Македонија и регионот – Публицис, Гораст Цветковски еден од најуспешните актери во Македонија и потајно фриленсер за програмирање, и Петар Ниновски основачот на новиот концепт на учење преку платформата Brainster – сите ги споделија првите чекори од креирањето на својата бизнис приказна и се согласија дека: Нема пократок пак за да постигнеш успех, едноставно мораш да го изодиш целиот!!!

od-feit-do-holivud-i-emi-nominacija-04.jpg

od-feit-do-holivud-i-emi-nominacija-03.jpg

od-feit-do-holivud-i-emi-nominacija-02.jpg

Нивните говори и целокупниот настан може да го погледнете на следното видео:

Жарко Димитриоски како модератор на настанот, го најави “серијалот” на Feed Your Brain настаните кои ќе се оддржуваат во наредниот период, на различни Универзитети низ државата, секој со различни мотивациони говорници.

Воедно, ја претстави и целта на настаните: Младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја.

Шестиот настан е веќе во подготовка, закажан за 23.05.2018, во 15 часот на Медицинскиот факултет при УКИМ, во Големата сала во зградата на Деканатот.

Акцијата „Feed your brain“ заедно со Клуб на Млади Лекари го организираат шестиот настан, со цел потткинување и мотивирање на студентите и младиот медицински кадар. Останати детали за настанот и пријавување за истиот посетете го следниот линк.

Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени.

Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Славчо Попоски, метеоролог: „Уште една многу топла недела, викендов можни врнежи од дожд“ „Уште една натпросечно топла седмица пред нас, со невообичаено високи температур...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Со љубовно писмо, Петар ја запроси саканата Верица на Св. Јован Канео во Охрид „Петар ми пишува преубави писма, па кога седнавме спроти Св. Јован Канео, извади...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg