Со љубовно писмо, Петар ја запроси саканата Верица на Св. Јован Канео во Охрид

„Петар ми пишува преубави писма, па кога седнавме спроти Св. Јован Канео, извади писмо и почна да го чита. Наеднаш престана со читање и ми рече последниот дел сама да го прочитам. Пред да завршам, го извади прстенот и ме запроси. Требаше неколкупати да го повтори прашањето, бидејќи бев во шок и збунета“, вели Верица Шајкарова.

so-ljubovno-pismo-petar-ja-zaprosi-sakanata-verica-na-kaneo-vo-ohrid-01.jpg

Петар Буневски (28) од Охрид, на патеката која води кон Св. Јован Канео, ја побара саканата Верица Шајкарова (26) од Струмица за сопруга.

Во романтичниот миг, таа го читала љубовното писмо што ѝ го напишал нејзиниот дечко.

Петар и Верица живеат во Скопје. Тој работи како архитект за приватна болница, а е магистер по дизајн на ентериер и внатрешно уредување. Таа, пак, е стоматолог во приватна ординација и дипломиран доктор по дентална медицина.

so-ljubovno-pismo-petar-ja-zaprosi-sakanata-verica-na-kaneo-vo-ohrid-02.jpg

Во врска се 4 години, а се запознале во Струмица преку заеднички пријатели. Веднаш потоа, Петар ја поканил Верица во Скопје и така почнала нивната љубовна приказна.

Тие последниве 2 години живеат заедно, а за CRNOBELO.com, Верица раскажа за моментот кога Петар ја запросил и како останала без зборови:

„Со Петар сме разговарале за брак многупати, но не очекував дека ќе ме запроси токму сега.

Тој отсекогаш имал замисла тој чин да не го прави во некоја странска метропола, туку во неговиот роден град.

so-ljubovno-pismo-petar-ja-zaprosi-sakanata-verica-na-kaneo-vo-ohrid-04.jpg

Запросувањето беше во Охрид, додека шетавме по патеката од Св. Пантелејмон кон црквата Св. Јован Канео. Седнавме на една клупа бидејќи Петар сакаше да се сликаме.

Иако претходно испланирал сè, местото под боровата шума на ридот каде што седнавме излезе подобро и од замисленото.

Од извонредниот поглед кон црквата и езерото, па сè до преубавото сонце, тишината...

so-ljubovno-pismo-petar-ja-zaprosi-sakanata-verica-na-kaneo-vo-ohrid-05.jpg

Секоја година за нашата годишнина, Петар ми пишува преубави писма, но оваа година ‘заборави’.

Во моментот кога седнавме, од едниот џеб тој извади лист и рече поради тоа што заборавил тогаш, сега сака да ми прочита едно писмо.

Неговите писма отсекогаш биле многу искрени, романтични и полни со емоции.

so-ljubovno-pismo-petar-ja-zaprosi-sakanata-verica-na-kaneo-vo-ohrid-06.jpg

Наеднаш, престана со читање и ми рече последниот дел јас сама да го прочитам. 

Пред да завршам со читање, од другиот џеб тој го извади прстенот и ме запроси. 

Требаше неколкупати да го повтори прашањето бидејќи бев во шок и збунета.

Откако се созедов, му одговорив и одговорот секако беше - ДА.

so-ljubovno-pismo-petar-ja-zaprosi-sakanata-verica-na-kaneo-vo-ohrid-03.jpg

Прстенот е малку поголем, но тоа е најмалку важно. Преубав е, а го одбрал лично тој.

Го прашав како се чувствувал во врска со сето тоа пред да ме запроси, а тој рече дека иако излегло сè баш како што планирал и очекувал, тремата била присутна.

Неговите реакции и однесување ми беа чудни цела недела.

За самиот чин никој не знаеше однапред, а најмногу се израдуваа нашите најблиски.

Планови за свадба имаме за во блиска иднина“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Матеја ја запроси саканата Драгана во Виетнам: Романтика на зајдисонце во ресторан на плажа „Мислев дека ќе ме запроси во Тајван, бидејќи пред да отидеме во Виетнам, таму ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg