Перо Антиќ со емотивна објава за роденденот на Петар (8): „Се гордеам што го имам најдобриот син“
- Детали
- недела, 24 март 2024
„Горд сум и благодарен што го имам најдобриот 8-годишен син на сите времиња. Среќен роденден мој принцу, Петар. Тато те сака“ - стои во роденденската честитка на Инстаграм.
Перо Антиќ, претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, со многу емоции му го честита роденденот на синот Петар, кој денес (24.03) полни 8 години.
Тој објави неколку заеднички фотки на Инстаграм, па напиша:
„Горд сум и благодарен што го имам најдобриот 8-годишен син на сите времиња. Среќен роденден мој принцу, Петар. Тато те сака“.
Петар е најмалиот од трите сина на Антиќ, кои ги има од бракот со Ружица Максимовска, со која се разведе во 2019-та, по 13 години брак.
Тие ги имаат и синовите Лука (17) и Павел (11).
Легендарниот кошаркар е многу близок со тројцата синови.
Тој постојано објавува заеднички фотографии на Инстаграм од времето поминато со нив - додека се на патување, на ручек, во кино, на некој кошаркарски натпревар...
А. Ј. | Црнобело