ЗАГРЕБ, 26 јули - Атлантик Група во првата половина на 2018 година оствари вкупни приходи од продажба во износ од 332 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува пораст од 4,1 проценти, ако се исклучи влијанието на продадените услужни производи од спортскa исхрана поради продажба на производствени капацитети на белгиските Aminolabs. Добивката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 39.5 милиони евра и се зголеми за 5,3 проценти, а нето добивката по малцински интереси се зголеми за 8,8 отсто на 22,3 милиони евра. Добри резултати беа постигнати во пресрет на растот на дистрибутивниот бизнис и сопствените брендови...