Незаборавно искуство на терените на Московскиот стадион „Лужники“
- Детали
- понеделник, 23 јули 2018
Михаил Лазарев беше среќниот добитник на наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија кој заедно со својата сопруга доби можност да присуствуваат на финалниот меч помеѓу тимовите на Франција и Хрватска мината недела.
Од патувањето донесоа преубави спомени и се задоволни од комплетната организација на патувањето. Најмногу од сè како што велат им се допаднала традиционалната градба на знаменитостите во чија внатрешност е претставен сиот модерен свет. Љубители се на далечни патувања и ова за нив претставуваше само уште едно ново доживување кое ќе го паметат по натпреварувачката еуфорија, руската гостопримливост и беспрекорната организација на мундијалот. Искуството несебично го споделуваат со сите пријатели и се горди на убаво поминатите денови во Москва. Конкретно за финалниот натпревар велат дека владеело невидена еуфорија каде хрватите дефинитивно беа водечки во својата навивачка способност. И покрај победата на Франција беа среќни и несебично и следните денови ја разведрија Москва.
„Би сакал да им се заблагодарам на ЛУКОИЛ Македонија за укажаната можност да бидеме дел од еден ваков историски настан кој ќе се памети.“, раскажува Михаил.
Наградната игра на ЛУКОИЛ траеше изминатите три месеци и во рамките на тој период на секои две недели беа реализирани 7 извлекувања. Во последното финално извлекување, беше извлечен Михаил заедно со уште тројца среќни добитници кои пак добија по 1 карта за полуфиналниот меч патување и сместување во Санкт Петерсбург. Додека Михаил Лазарев од Штип доби 2 билета за финалниот меч во Москва и подмирени трошоци за патувањето и сместувањe.