Жарко Димоски два дена слави роденден во Грција: Дува свеќички со синот, го изненадија со торта на плажа
- Детали
- вторник, 30 јули 2024
Со изненадувања два дена по ред, едно во ресторан, а друго на плажа, Жарко Димоски го прослави 35-тиот роденден.
Жарко Димоски наполни 35 години, а роденденот го слави два дена. Популарниот актер е на првиот крак во Грција, на летување со сопругата Андреа и синот Вито.
Тој вчера (29.07) на денот на својот роденден беше на вечера со семејството, а од сопствениците на ресторанот доби пита со свеќичка, наместо класична торта.
Свеќичката ја дувна заедно со синот, кој се чини уживаше во вечерта, а сакаше дури и да проба од виното што го пиеја неговите родители.
Откако Жарко ја дувна свеќичката на питата, доби аплауз од гостите во ресторанот, па им се заблагодари и наздрави со нив.
„Најдобриот роденден во животот“, напиша тој на Сторито што го сподели на Инстаграм.
Но, роденденската прослава продолжи и денес.
Па додека тој се сончаше на плажа, доби изненадување торта со свеќички и неколку шишиња студена Corona со лимон.
„Втор ден роденден“, напиша неговата сопруга на видеото и го сними изненадувањето што му го приредија на Жарко.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





