Со Mastercard® Wizz Air кредитна картичка од Комерцијална банка патувате и ги планирате следните патувања
- Детали
- понеделник, 21 мај 2018
Во периодот кога се интензивираат патувањата до блиски и далечни десtинации, кога започнуваат уписите на универзитетите ширум светот, и се остваруваат соништата на возрасните и помладите генерации за авантури и егзотични доживувања, Комерцијална банка АД Скопје ни ја претставува новата Mastercard® Wizz Air, првата и единствена кобрендирана картичка со авиокомпанија во Македонија. Со оваа картичка патувате, но ги планирате и следните патувања.
Mastercard® Wizz Air ги нуди сите бенефиции на кредитна картичка прифатена секаде во светот, но и одлични предности и бонуси кои се достапни преку специјалната Програма за лојалност, а тоа се:
- Гратис 600 поени за добредојде (1 поен е еднаков на 1 денар)
- Бесплатно групно членство во WIZZ Discount клубот за пониски цени за корисникот на картичката и 5 патници кои патуваат со него (редовна цена од 60 евра годишно), за целиот период на користење на картичката
- Бонус поени со секое купување:
- 4% од износот на трансакција направена на wizzair.com
- 2% од износот на сите други трансакции
- Дополнителни картички за најблиските и многу други поволности.
Сите детали за картичката и Програмата за лојалност се достапни на следниот линк, а аплицирањето се врши преку експозитурите и филијалите на Комерцијална банка.