Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината

Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје, организираше свеченост за доделување на наградите „13 Ноември“ на спортисти, тренери, спортски работници и организации, кои изминатата година постигнаа одлични резултати и придонесоа за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории.

sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gi-dodeli-nagradite-13-noemvri-dario-ivanovski-sportist-na-godinata-01.JPG

На свеченоста што се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ беа доделени 10 награди на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Управниот одбор на Сојузот. Оваа награда претставува признание за исклучителните придонеси на добитниците во спортската област, со што тие оставија трајна трага во развојот на спортот и во промоцијата на спортските вредности во нашата заедница.

Наградата „13 Ноември“ - Спортист беше доделена на еден од најуспешните македонски атлетичари Дарио Ивановски, кој минатата година настапи на маратонот на Олимписките игри во Париз 2024 и стана стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка. Ивановски продолжи да постигнува одлични резултати и во 2024 година, остварувајќи неколку лични рекорди, а го освои и третото место на маратонската трка на годинашниот Виз Ер Скопски маратон.

sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gi-dodeli-nagradite-13-noemvri-dario-ivanovski-sportist-na-godinata02.JPG

Наградата Тренер ја доби Игор Јакимовски, тренер на атлетичарот Дарио Ивановски, кој е еден од најзаслужните за резултатите на Дарио.

Наградите за животно дело им припаднаа на Владимир Радиќ, поранешен ракометен тренер, кој беше и на кормилото на некогашниот женски европски шампион Кометал Ѓорче Петров, Ѓоко Хаџиевски, македонска фудбалска легенда и некогашен селектор на фудбалската репрезентација на Македонија и Ѓорѓи Чадиковски, атлетски тренер.

sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gi-dodeli-nagradite-13-noemvri-dario-ivanovski-sportist-na-godinata03.JPG

Останатите добитници на наградата „13 Ноември“ за 2024 година се Марјан Угриновски – Професор во Основното училиште „Јан Амос Коменски“, Мирјана Крстевска – Професор во СУГС „Димитар Влахов“, Филип Поповски - Фудбал, спортски работник и Влатко Неделковски – Декан на Факултет за физичка култура, спорт и здравје, спортски работник. Наградата „13 Ноември“ му припадна и на Спортското радио 90.3, за посебен придонес за промоција и развој на спортот во нашата држава.

sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gi-dodeli-nagradite-13-noemvri-dario-ivanovski-sportist-na-godinata4.JPG

Наградите „13 Ноември“ се доделуваат уште од 1970 година, по повод ослободување на градот Скопје. Наградата се доделува за особени заслуги во развој и унапредување на спортот како и за врвни спортски достигнувања на заслужен спортист, тренер, професори по спорт, спортски новинари, спортски работници и награди за животно дело во областа на спортот.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Вознемирувачко видео од Македонец: Го напаѓаат кучиња додека борда на Копаоник Македонец беше нападнат од кучиња додека борда на Копаоник. Тој го сподели видео...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg