Виталиа создава здрави навики за исхрана кај децата од рана школска возраст

Компанијата за здрава храна Виталиа во рамките на својот успешен проект „5-ка за здрава храна", веќе 6 години врши едукација на најмладите за важноста на правилната исхрана. Овој пат ја продолжи својата мисија во основното училиште “Браќа Миладиновци” во Скопје.

vitalia-sozdava-zdravi-naviki-za-ishrana-kaj-decata-od-rana-skolska-vozrast-01.JPG

Со интерактивното предавање на специјалистот за нутриционизам на Виталиа - Марина Релушкоска, децата од 4-то и 5-то одделение имаа можност да се запознаат со основите на здравата исхрана, да научат кои се основните нутритивни групи на храна, што е здраво а што штетно за деца во развој и како да најдат здрава замена за нивните омилени слатки.

На голема радост на Виталиа, младите од училиштето “Браќа Миладиновци” покажаа исклучителна зрелост и заинтересираност кога станува збор за нивните прехранбени навики, поставуваа прашања и даваа интересни примери од нивното секојдневие за тоа што значи да се одбере здравата опција.

На крајот од предавањето Виталиа приреди и малa “коктел” забава за децата со здравите производи од нивната линија – мусли прачки, сокчиња од алое и разно сушено овошје.

vitalia-sozdava-zdravi-naviki-za-ishrana-kaj-decata-od-rana-skolska-vozrast-02.JPG

Проектот под слоган “5-ка за здрава храна” за компанијата е од посебно значење и е наменет за сите основци и средношколци, а Виталиа го иницираше со цел да ја подигне свесноста за тоа што младите секојдневно внесуваат во својот организам и какво влијание има тоа врз нивниот целокупен развој.

Ова покажува дека заложбите за промоција на општествената одговорност на Виталиа преку здравата исхрана вродува со плод, и дека младите се вистинскиот фокус на кој општесвото треба да се посвети доколку сакаме вистински и позитивни промени во иднината.

Со оглед на летните распусти, проектот “5-ка за здрава храна” продолжува од септември во основните и средни училишта низ Македонија.

vitalia-sozdava-zdravi-naviki-za-ishrana-kaj-decata-od-rana-skolska-vozrast-03.JPG

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Катарина Ивановска ужива во летото: На плажа со децата, коктели со другарките Со десетина интересни фотографии споделени на Инстаграм, Катарина откри како се ...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg