УСАИД во партнерство со македонските граѓани, институции, здруженија и организации, во изминатите 25 години работи за подобрување на квалитетот на живот во земјата. Во рамките на активностите за поддршка и унапредување на квалитетот во образованието, интеграција на маргинализираните категории на граѓани како и унапредување на меѓуетничкото разбирање, УСАИД во соработка со локалните партнери, невладиниот сектор и државните институции, веќе четвртина век јасно ја потврдува својата посветеност во градењето на вистинско пријателство со македонските граѓани...