(Скопје, 07.03.2018) - Во наредните неколку месеци, Скопје Мериот хотел заедно со своите вработени ќе собира материјални добра кои подоцна ќе бидат донирани во ЈУ Специјалниот завод во Демир Капија. Постои голем недостаток на потребни добра во институцијата, па тргнувајќи од помислата дека хуманоста почнува од самите себе, како и континуираната грижа за општеството се остварува и оваа соработка. Специјалниот завод во Демир Капија, кој постои повеќе од 40 години, згрижува лица со посебни потреби, а моментално таму се сместени 277 штитеници на возраст од 8 до 85 години...