Интервју Мирјана Свилар, Генерален менаџер, Дакалама Нет

Со врвна диплома до полесно препознавање на квалитетите од страна на големите корпорации.

Mirjana Svilar slika.jpg

Вие сте дел од студиите за менаџмент и бизнис администрација на Меѓународниот факултет на Универзитетот на Шефилд, Сити колеџ. Кои се вашите најголеми предизвици во текот на студирањето?

МС: Пред сè, многу е важно да имате соодветни вештини за управување со времето. Бидејќи имам семејство, 4-годишни близнаци и во исто време ја водам мојата приватна компанија, па за мене е многу важно и е предизвик да го контролирам моето време соодветно. Од друга страна, имам флексибилност да учам кога и каде и да можам. Имајќи ги предвид сите препреки и обврски, да останам фокусирана на студиите е голем успех и до сега тоа го менаџирам успешно. Вистински предизвик е да продолжите со студиите после 10 годишна пауза од моите претходни постдипломски студии. Како и да е, ме мотивира тоа што се уште имам желба и потреба за нови знаења и тоа ме охрабрува да продолжам.

Кои беа вашите очекувања за програмата и дали се исполнети досега?

МС: Моите очекувања беа дека ќе имаме одлични професори кои ќе нè мотивираат да „излеземе од кутијата“ и да размислуваме пошироко, не конвенционално. Очекував да се здобијам со нова мрежа мотивирани колеги кои знаат како да препознаат успех и со кои можеме да изградиме заедничка професионална иднина. Исто така, очекував дека ќе се здобијам со нови знаења, нови идеи и нов начин на размислување за целокупниот бизнис и функционирањето на деловното опкружување. И среќна сум што можам да кажам дека досега, моите очекувања се исполнети.

Зошто одлучивте да студирате на Меѓународниот факултет на Универзитетот во Шефилд, Сити колеџ?

МС: Меѓународниот факултет на Универзитетот на Шефилд, Сити колеџ изгради многу солидна репутација. Знам десетина луѓе кои ги завршиле своите постдипломски студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот на Шефилд, Сити колеџ и секој од нив е многу успешен во својата кариера. Бидејќи Универзитетот на Шефилд е еден од најдобрите универзитети во Велика Британија, има квалитетна програма и одличен тим од професори. Исто така, локацијата на Сити колеџот во Солун е само 3 часа возење од мојот роден град, па затоа решив да аплицираат за стипендија минатото лето. Морам да кажам дека мојот сопруг се обидуваше да ме убеди неколку години по ред да се пријавам на Меѓународниот факултет на Универзитетот на Шефилд, Сити колеџ и тоа конечно се случи. Тој и моето семејство ми се најголема поддршка и многу сум им благодарна.

Mirjana Svilar 2.jpg

Вашите идни визии и цели? Кој е вашиот план за материјализација на вашата EMBA диплома?

МС: EMBA дипломата ќе придонесе моите квалитети да бидат полесно признати од страна на големите корпорации кои имаат потреба од стручно мислење како консултант. Мојата цел е да продолжам да бидам поуспешна во професионалната област, а за успех неопходно е да имам знаење, искуство и вештини.

Вие имате свој приватен бизнис - како ќе придонесе знаењето стекнато преку EMBA студиите?

МС: Убедена сум дека знаењето што ќе го добијам преку EMBA студиите ќе ми помогне да научам како да растам и да ги продавам бизнисите што ги водам, а со тоа им помагам на луѓето кои имаат средства да инвестираат, за да ја зголемат својата добивка на веќе подготвен терен.

Што е тоа што ве мотивира и што би препорачале на младите, ентузијастите и идните претприемачи?

МС: Може да звучи како клише, но човекот навистина учи додека е жив. Ние можеме да научиме многу од грешките, но штетата може да биде огромна. Затоа, последипломските студии можат да придонесат за намалување на грешките и посигурно придвижување кон успехот. Мојот најголем мотив е неповторливото чувство на успех на крајот на тунелот. Никогаш да не се откажуваат, секогаш да се трудат да постигнат повеќе и да учат брзо. Знаењето е моќ што никој не може да го одземе од вас!

Би можело да ве интересира:

Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Панчо емотивен за роденденот на првородениот син: „Ќе те сакам до крајот на животот“ „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветува...
Моника С. Арсова: „Се разбудив од операција и си помислив ‘Мојата ќерка Никче да ме види без штаките... „Како мало дете кога проодува, така и јас со страв и нецелосна доверба ги правам...
Елена Ристеска цел месец немала име, Агнеса прво била Снежана: Како требало да се викаат познатите М... Елена Ристеска за CRNOBELO.com откри дека, освен што цел месец била без име, неј...
Прилепчанец ја запроси саканата на Зимзоленд во Скопје: „Ми требаше време да кажам ДА, не ми се веру... „Дадовме отказ од работните места во Прилеп и само што се преселивме во Скопје о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg