Што ако Југославија не се распаднеше – контроверзниот Марко Видојковиќ во Еден на Еден

Со труби и плех музика ќе биде отворена новата епизода на Еден на Еден. Мешевски кај Жаре ја донесе ЕСО – Единицата за специјални отворања од Влада.

sto-ako-jugoslavija-ne-se-raspadnese-kontroverzniot-marko-vidojkovik-vo-eden-na-eden-01.jpg

Во Еден на Еден неделава гостуваат и авторите на најпродаваните книги на Балканот во моментов.

Контроверзниот Марко Видојковиќ, авторот на „Сите црвенкапи се исти“, ја промовира неговата нова книга „Е баш ви фала“, во која СФРЈ не се распаднала и сега е најдобрата земја во светот со има супернапредна технологија, супернапредна наука...

sto-ako-jugoslavija-ne-se-raspadnese-kontroverzniot-marko-vidojkovik-vo-eden-na-eden-02.jpg

Видојковиќ во Еден на Еден прави споредба меѓу нашите и српските политики, посебно во делот на Законот за трето дете, фискалните сметки, Скопје/2014 наспроти Белград на вода.

Славица Скваер, пак, е првиот тренер за невролингвистичко програмирање на Балкнаот. Станува збор за интересна техника која и помогнала и неа лично да го надмине распадот на бракот.

sto-ako-jugoslavija-ne-se-raspadnese-kontroverzniot-marko-vidojkovik-vo-eden-na-eden-03.jpg

Сѐ на сѐ, доста интересна и сосема поинаква Еден на Еден нѐ чека во недела од 18:50 на Канал 5.

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Иван Јованов направи мекици во кафеана за ќерката Ниа: Лепи пари на музичарите, пее со пријателите Со музика во живо и многу гости во скопски ресторан, Иван Јованов направи мекици...
Елена од гевгелиско спаси и трет штрк: „Девојчиња го донесоа кај мене со повредено крило“ „Вториот штрк е здрав и во август ќе може да одлета, а третиот има повредено кри...
Како си поминав на првата „Оскаровска гала вечер“ во Скопје, концерт посветен на филмската музика? Шоуто „го украде“ Ана Петановска, која го остави срцето на сцена додека ги пееше...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Џиновска торта за 23-иот роденден на Антониа Гиговска (фото) Со интересна фотосесија, покрај торта висока скоро колку неа, Антониа Гиговска о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg