Џиновска торта за 23-иот роденден на Антониа Гиговска (фото)
- Детали
- недела, 21 јануари 2024
Со интересна фотосесија, покрај торта висока скоро колку неа, Антониа Гиговска откри дека ѝ е роденден.
Пејачката Антониа Гиговска денес (21.01) слави роденден. Таа полни 23 години.
Дека ѝ е роденден Антониа откри на Инстаграм каде што објави неколку фотографии на кои позира покрај џиновска торта на три ката.
На една фотка Антониа седи врз тортата направена од картон и украсен тул, а на една фотка излегува од неа.
„23“, напиша пејачката и стави емотикон торта, срце и забава.
Антониа доби многу честитки од пријателите и следбениците на Инстаграм, кои ѝ посакаа уште многу песни и успешни настапи.
Некои ѝ дадоа комплимент и дека на фотките потсетува на Барби.
А. Ј. | Црнобело