Иван Јованов направи мекици во кафеана за ќерката Ниа: Лепи пари на музичарите, пее со пријателите
- Детали
- среда, 03 април 2024
Со музика во живо и многу гости во скопска кафеана, Иван Јованов направи мекици за раѓањето на ќерката Ниа.
Вчеравечер (02.04) пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, со многу роднини и пријатели го прослави раѓањето на ќерката Ниа.
Тој направи забава со мекици во скопска кафеана. Се веселеше цела вечер, им лепеше пари на музичарите, се фотографираше со гостите и не престана да игра и да пее.
Дел од атмосферата на забавата ја сподели и со своите следбеници на Инстаграм, па на Стори објави неколку фотографии и видеа.
Мекиците ги направи една недела откако неговата сакана Ивана, на 26 март, се породи во една од скопските клиники и на свет донесе девојче, кое доби необично име.
Целиот ресторан беше украсен во розови, златни и бели балони, а имаше и колачиња на кои беше испишана пораката „Добредојде бебе Ниа“.
На мекиците беа и пејачката Барбара Поповиќ, која му е најдобра другарка на Иван, и Лина Пејовска, која пееше и ги забавуваше гостите. Тука беа и членовите на бендот на Иван, кои беа највесели од сите.
За потсетување, Иван ја изненади јавноста кога со својата девојка Ивана во 2023 направија забава за откривање на полот на бебето, па така откри дека е во врска и дека наскоро ќе стане татко.
Во интервју за CRNOBELO.com неодамна изјави дека со Ивана ќе прават свадба откако ќе направат мекици за бебето.
Погледнете повеќе фотографии од прославата за раѓањето на ќерката на Иван:
А. Ј. | Црнобело