Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“

„Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуствувам на несекојдневниот чин и ќе го споделам тој најсреќен миг со Ивана“, вели за CRNOBELO.com Иван Јованов од „Либеро бенд“, кој за околу еден месец ќе стане татко.

ivan-jovanov-pred-ragjanjeto-na-kjerkata-edvaj-go-chekam-migot-koga-maliot-angel-kje-go-zemam-vo-race-01.jpg

Иван Јованов, пејачот на „Либеро бенд“ за околу еден месец ќе стане татко. Неговата сакана Ивана веќе е во поодмината бременост и парот наголемо се подготвува за раѓањето на ќерката.

Иван и Ивана со нетрпение го очекуваат тој ден, а популарниот пејач вели дека не може да дочека за да ја држи својата ќерка во раце.

Додека се подготвуваат за новото поглавје во животот, Иван не запира ни со кариерата. Во разговор за CRNOBELO.com, тој ни откри дека со бендот се веќе букирани до крајот на годината, но и оти наскоро ќе објават нешто ново и интересно.

ivan-jovanov-pred-ragjanjeto-na-kjerkata-edvaj-go-chekam-migot-koga-maliot-angel-kje-go-zemam-vo-race-07.jpgфото: Мартин Кангалов

Целото интервју во продолжение:

Последниве неколку месеци не застанавте со настапи... Те исцрпи ли тоа или „се храниш“ од енергијата на публиката, па не ти сметаат непроспиени ноќи, долгото возење, заморот?

Редовните настапи навистина може да бидат физички и ментално исцрпувачки, но енергијата и поврзаноста со публиката честопати нѐ поттикнуваат нас изведувачите, прават да се чувствуваме посилни и покрај предизвиците на непроспиените ноќи и долгите возења.

Тоа е рамнотежата помеѓу исцрпеноста и адреналинскиот наплив на бината.

Колку често ви се случувало да имате непријатности на патувањата за настапи (расипан автомобил, заборавена опрема и слично)? Раскажи ни една таква случка...

Прилично сме одговорни сите во бендот, иако сме имале и по некоја немила ситуација.

Една таква непријатност беше кога пристигнавме на местото на настапот и сфативме дека основната опрема, како микрофони и кабли, не е со нас.

Ова не беше баш пријатно искуство, особено што моравме да се снаоѓаме само на неколку минути пред почетокот на настапот.

Тоа беше скапоцена лекција за важноста на двојното проверување на списоците со опрема пред да заминеме на настап.

ivan-jovanov-pred-ragjanjeto-na-kjerkata-edvaj-go-chekam-migot-koga-maliot-angel-kje-go-zemam-vo-race-03.jpg

Помина скоро цела година од вашата последна авторска песна „Ангел“. Дали планирате да промовирате нешто ново наскоро?

Како не, како не… Бидете трпеливи и очекувајте нешто интересно.

Постои ли песна што си ја снимил, но не сакаш да ја пееш на настапи, бидејќи, „не ти легнала“?

Досега не постои таква песна, сите наши снимени песни со задоволство ги изведуваме на настапите.

А која ваша песна, пак, ја пееш со најголемо задоволство?

Види, ова звучи исто како мајка на неколку деца да ја прашаш кое дете си го сака повеќе.

Звучи како дипломатски одговор, но навистина не би можел да одберам само една.

ivan-jovanov-pred-ragjanjeto-na-kjerkata-edvaj-go-chekam-migot-koga-maliot-angel-kje-go-zemam-vo-race-02_copy.jpg

Наскоро ќе станеш татко... Размислуваш ли за раѓањето на бебето, за тоа дали (и колку) ќе ти се смени животот?

Искрено, едвај го чекам мигот кога тој мал ангел ќе го земам во моите раце.

Дали ќе ми се смени животот - секако дека ќе ми се смени, детето е дар од Бога и најголемото богатство за еден родител.

Тоа веројатно некако ве преобразува како личност. Само нека е живо и здраво, ќе се приспособиме еден на друг.

Дали си среќен што ќе биде девојче, или повеќе посакуваше син? Го избравте ли името?

Како што реков, само да е живо и здраво, а девојчињата се, секако, принцези на татковците.

Син ќе биде второто, ќе почекаме.

А за името, нека остане изненадување.

ivan-jovanov-pred-ragjanjeto-na-kjerkata-edvaj-go-chekam-migot-koga-maliot-angel-kje-go-zemam-vo-race-05.jpg

Дали ќе присуствуваш на раѓањето на ќерката или сè уште не размислуваш за тоа?

Не размислувам воопшто, но доколку се создадат услови за тоа, секако дека ќе присуствувам на несекојдневниот чин и ќе го споделам тој најсреќен миг со Ивана.

Почнавте ли да ја планирате свадбата со Ивана, или сето тоа ќе биде откако ќе се роди бебето?

Одиме со ред - прво мекици, а потоа ќе ја планираме свадбата.

ivan-jovanov-pred-ragjanjeto-na-kjerkata-edvaj-go-chekam-migot-koga-maliot-angel-kje-go-zemam-vo-race-04.jpg

Како реагира Ивана на големиот број обожавателки што будно те следат на настапите? Ѝ пречи ли тоа што си во фокусот на јавноста?

Секако дека Ивана од почеток знаеше со каква професија се занимавам и таа е многу свесна за моите обожавателки.

Но, многу зрело и совесно го прифати тоа и навистина е полна со разбирање.

Не ѝ пречи што сум во фокусот на јавноста, баш напротив, секогаш ме поддржува и ми е вистински ветер во грб.

Планираш ли да забавиш со темпото на настапи откако ќе станеш татко?

Вообичаено е добро да се проценат приоритетите и потенцијално да се приспособат распоредите на новата семејна динамика, да се пронајде рамнотежа која најмногу одговара и да се продолжи со настапите со слично темпо.

Тоа на крајот зависи од индивидуалните околности и преференции, а ние со бендот сме веќе букирани до крајот на годината, така што, нема намалување на темпото.

ivan-jovanov-pred-ragjanjeto-na-kjerkata-edvaj-go-chekam-migot-koga-maliot-angel-kje-go-zemam-vo-race-06_copy_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело / фото: Приватна архива

Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно врем... „Кога првпат на гости ни дојдоа Финци, јас секако дека имав подготвено вечера, а...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg