Ќерката на Иван Јованов ќе полни 1 година, пејачот и сопругата ѝ направија слатка фотосесија (видео)
- Детали
- петок, 14 март 2025
Ниа, облечена во розово, со две мали „кики“ седи покрај тортата, гризе залак со устата, пробува од чоколадниот фил со рачето и се забавува.
Ниа, ќерката на пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, на 26 март ќе полни 1 година.
Неколку недели пред роденденот, Иван и неговата сопруга Ивана, за малата Ниа организираа фотосесија со розова торта и шарени срца.
Ниа, облечена во розово, со две мали „кики“ седи покрај тортата, гризе залак со устата, пробува од чоколадниот фил со рачето и се забавува.
Таа е прво дете на Иван и Ивана. Уште пред нејзиното раѓање Иван за CRNOBELO.com кажа дека едвај чека да стане татко, а потоа и дека доаѓањето на Ниа на овој свет му го сменило животот на подобро.
Тој често објавува фотки и видеа од ќерката која ја обожава.
Погледнете го видеото од роденденската фотосесија:
Прочитајте и Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





