Се одржа првата Национална конференција за проектен и ИТ менаџмент во Скопје

На Конференцијата беа претставени многу новитети од овие области, најновите трендови во управувањето со проекти и успешното воведување на промени кои зависат од работата на ИТ, проектните и програмските менаџери. Говореа повеќе влијателни експерти од различни земји кои имаат долгогодишно искуство со Business Analysis, PMP, SCRUM, ITIL, DevOps и ISTQВ, а присуствуваа и многу менаџери на компании, проект менаџери од ИТ и од бизнис секторот, бизнис аналитичари, итн.

se-odrza-prvata-nacionalna-konferencija-za-proekten-i-it-menadzment-vo-skopje-01.jpg

Се обработија неколку важни теми меѓу кои: 5 трендови во проектен менаџмент во 2018; Бизнис анализа во корпоративен Value Stream; PMP во пракса; Зошто SCRUM?; SCRUM хибридна методологија во пракса; ITIL - Back to the Future; DEVOPS; ISTQB - Планирање и управување на тестирање со Team Foundation Server.

„Сѐ уште сме под импресии од целата конференција, од говорниците, од предавањата, од продуктивната панел дискусија која се разви на крајот... Навистина ни е драго што што имаше огромен интерес, картите беа распродадени во многу брз рок, и оттука се гледа големата потреба од одржување на овој настан со фокус на проектниот и ИТ менаџмент. Се надеваме дека ова ќе биде почеток на низа од успешни настани од ваков тип преку кои индивидуалците и компаниите постојано ќе ги надоградуваат своите вештини и знаења.“ – изјавија организаторите.

se-odrza-prvata-nacionalna-konferencija-za-proekten-i-it-menadzment-vo-skopje-02.jpg

Милан Шмигиќ кој воедно беше и модератор на настанот, говореше за најважните новитети кои доаѓаат од развиените пазари од овие области, и тоа: подобрување на перформансите на работење на компанијата со примена на портфолио на управување; kако да се примени бизнис анализата за развој на портфолио и стратешка приоритизација на проектите; како да се зголеми пазарната вредност на компанијата преку успешно управување со проекти; како да се намали неизвесноста и да се создаде нова вредност на проектот преку развој на нови барања, итн.

За тоа колку е релевантен ITIL во дигиталната трансформација, говореше словенецот Рок Сајовиц: „Дигитизираните бизнис и ИТ процеси се основа за дигитална трансформација. Првиот чекор кон дигитална трансформација е добро дефинирани процеси и потоа вториот чекор е да се дигитизираат овие процеси. Овде е местото каде што ITIL доаѓа во игра. Компаниите можат да го користат ITIL како упатство за процесирање на дигитизацијата. Комплетираниот ITIL потоа игра важна улога помагајќи им на сите бизнис и ИТ услуги да работат без проблеми.“ – вели Сајовиц. Тој истакна дека е потребно да се применуваат современите технологии и методологии на работа и да се следат светските трендови кои значително ќе го подобрат работењето на организацијата.

se-odrza-prvata-nacionalna-konferencija-za-proekten-i-it-menadzment-vo-skopje-03.jpg

„Континуирана едукација и надоградба на знаењата е нешто што ние во Макпетрол – Центар Dell редовно го практикуваме со цел да можеме да се носиме со предизвиците. Токму затоа ја препознавме и ја поддржавме “Првата национална конференција за PM и IT менаџмент“ како настан кој ќе едуцира и ќе овозможи нови погледи на голем број проектни и ИТ менаџери.“ – изјавија од Макпетрол-Dell Центарот.

„Во ова динамично општество ако не ги имплементирате и применувате практиките од светски рамки, вие останувате чекор назад. Затоа и ја поддржавме оваа конференција која ќе овозможи поширок спектар на знаење и ефективност на менаџерите, имајќи ја во предвид и заштитата на видот поради проблемите кои настануваат како резултат од предолгото работење на електронските уреди и зрачењето на сината светлина од истите. Во светот веќе се воведени редовни очни прегледи кои фирмите ги овозможуваат на своите вработени како дел од грижата на вработените, а наша намера е истата свест да ја развиеме и во Македонија.“ - изјавија од Систина Офталмологија.

Во Македонија се отвори и огранок од меѓународниот Институт за управување со проекти. Како што вели Мирослав Аничин, претседател на Институтот за управување со проекти во Србија, со тоа Македонија е запишана на светската карта за најдобри пракси, така што, ќе продолжи и понатаму споделувањето на знаењето како пракса.

Конференцијата е во организација на Клиар Вју (Clear View BTC) бизнис тренинг центарот и Семос Едукација, тренинг центар за ИТ едукација. Настанот го поддржаа повеќе компании, меѓу кои: Макпетрол-Центар Dell, Систина Офталмологија, Стопанска Банка АД Скопје, Кариерниот центар на Семос Едукација, PMI – Macedonia Chapter, Bella, Тиквеш и Вис Вендинг.

se-odrza-prvata-nacionalna-konferencija-za-proekten-i-it-menadzment-vo-skopje-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Браво! 13-годишни деца од Радовиш собраа пари за да му помогнат на соученик со проблеми со говорот Пет деца од Радовиш напорно работеа за да соберат средства за да му обезбедат ло...
14-годишните Ана и Ивона од Радовиш помагаат на лица со посебни потреби: „Научивме дека секој може д... „Со нас работат и волонтираат и лица со посебни потреби. Со тоа научивме дека се...
Нов мурал во Скопје посветен на Александар Џамбазов: Игор упати емотивна порака, Дац и Александар ќе... „Од денес па сѐ до вечноста, овој мурал во Дебар Маало секојдневно ќе нѐ потсету...
„Три Круши“ - локалитет во близина на Скопје кој мора да го посетите Тука ќе се релаксирате, ќе уживате во погледот на целиот град а воедно и во миро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg