Искористи го летото и започни нова кариера

По успешното лансирање на двата проекти - Академијата за маркетинг и ПР и Академијата за графички дизајн во пролетниот семестар, Creative Hub Скопје објавува дека поради големиот интерес ќе започне и со летна едукативна програма под мотото „Искористи го летото и започни нова кариера”.

iskoristi-go-letoto-i-zapocni-nova-kariera-01.jpg

Заинтересираните можат да се пријават за една од трите летни академии, и тоа: графички дизајн, маркетинг и ПР и Јава програмирање. Академиите ќе се одвиваат во текот на месец јуни, односно од 4 до 30 јуни, а оние кои ќе ги посетуваат ќе можат да одберат дали да бидат дел од претпладневиот или попладневиот термин.

Creative Hub досега покажа дека е лидер во иновативни едукациони програми токму поради нивниот 5П пристап кој вклучува: програми кои соодвествуваат на потребите на пазарот, основачи и менаџери на елитни македонски компании кои се вклучуваат во улогата на предавачи, посета на компании, настани за вмрежување како и платена пракса за секој студент.

Во програмите на Creative Hub досега се вклучија над 15 професионалци како Сузана Никифорова, Емилија Зографска, Сергеј Зафироски, Огнена Васиљевиќ, Татјана Лопарски, Мери Шешо, Радмила Павловска, Ирина Маја, Коста Петров, Марко Марјановиќ, Билјана Северинова, Dreadpen, Горан Костовски [ind.o.g], Павле Миролајски, а посети ни овозможија и агенциите Insider ID, New Moment, Polyesterday итн.  Преку партнерските компании (Happiness.marketing и Insider ID) на Creative Hub, веќе во текот на студирањето неколку студенти посетуваа платена пракса што резултираше и со перманентно вработување.

iskoristi-go-letoto-i-zapocni-nova-kariera-02.jpg

Сите заинтересирани кои сакаат да се вклучат можат и да аплицираат за стипендија на www.creativehub.mk/stipendii или пак на Facebook страната на Creative Hub.

Академијата за маркетинг и ПР е наменета за професионалци кои веќе работат во овие области, на кои им е потребна надградена обука, како и за студенти кои допрва сакаат да навлезат во светот на маркетингот и комуникацискиот бизнис.

Академијата за графички дизајн, пак, нуди професионална обука преку изучување на најсовремени софтверски програми за графички дизајн, како и на предмети кои опфаќаат теми како типографија, фотографија и целосна подготовка за печат.

Академијата за Јава програмирање под водство на Ненад Вичетиќ претставува целосно изработена и детална програма за основен и напреден Јава.

iskoristi-go-letoto-i-zapocni-nova-kariera-03.jpg

Би можело да ве интересира:

„Поканив 75 луѓе на забава дома, дојдоа 150“: Кој им бил најубавиот дочек на Нова година на познатит... Иџе со семејството, Васил Гарванлиев организирал луда забава без знаење на цимер...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg