(Скопје, 10.04.2019) - Во потрага по вистинското вино за соодветниот специјалитет, Дистрикт бар и ресторан организира втора вечер на спарување вино и храна, Winemaker dinner series. Втората вечер на гастрономско уживање ќе се одржи на 11ти април (четврток) со почеток во 20.30 часот. Во светот на извонредните вкусови и уникатните специјалитети, гостите ќе ги предводи Кирил Ставрев, Главниот шеф во Дистрикт, а за моќта на виното да ги поттикне вкусовите на храната, тајните ќе ги откријат енолозите од винарија Тиквеш, Марко Стојаковиќ, Александра Ристова и Никола Кузмановски...