Во текот на овој месец, телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ претстави специјална понуда со цел зголемување на еколошката свест кај граѓаните. Имено, со склучување на нов договор на некој од пакетите за домашни корисници и активирање на електронска сметка, операторот им овозможува 30% попуст на сметките во првите шест месеци од договорот. Како општествено одговорна компанија, НЕОТЕЛ ги повикува граѓаните заеднички да се вклучат во заштитата на животна средина. Електронските сметки корисниците ги добиваат на својата е-маил адреса, на почетокот од тековниот месец, без доцнење и воедно им се овзоможува на едно место да имаат евиденција за пристигнатите сметки. Сите сметки корисниците може да ги плаќаат преку електронскиот систем за плаќање директно на веб- страницата на НЕОТЕЛ со што им се овозможува брзо процесирање на уплатата без никакви банкарски провизии...