Како единствена Германска банка во Северна Македонија, ПроКредит Банка и оваа година по 14ти пат ја поддржува организацијата на фестивалот на Новиот Германски Филм. Традиционално, веќе 14 години, овој фестивал им ја приближува германската култура и јазик на македонските љубители на филмот и овозможува богатување на репертуарите на филмови во кината низ земјата. Оваа година, фестивалот ќе биде отворен, во четврток, на 2ри Мај со комедијата “100 работи” која обработува модерна тема за материјалниот свет на денешницата. По отворањето, фестивалот на Новиот германски филм ќе продолжи од 3ти до 6ти мај во Скопје, со емитување на филмовите во Кино Фросина, а потоа традиционално ќе патува во кино салите ширум земјата: Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово и Битола...