За многу деца, сладолед, парче торта или чаша ладно млеко по ручекот, може да значи ден, исполнет со стомачни тегоби, грчеви, гасови и дијареа. Децата кои имаат вакви тегоби по консумирањето млечни производи, најверојатно се нетолерантни на лактоза, што е предизвикано од недостаток на лактаза – ензим во желудникот кој е одговорен за разградување на млечниот шеќер – лактоза. Кога нема доволно лактаза во телото, лактозата не се разложува во тенкото црево, па преминува во дебелото црево, каде тамошните бактерии ја ферментираат во гасови и киселини...