НЛБ Банка, како иновативна и современа банка која е во чекор со светските трендови, ја прошири својата понуда со уште еден канал за комуникација и од денес е достапна на Вибер. Истовремено, Банката го промовираше и првиот банкарски електронски асистент - НЕЛА која е на располагање 24/7 и е подготвена да одговори на сите прашања поврзани со производите и услугите. Како иновативни предводници кои ги следат новите трендови и технологии, овој пионерски чекор на НЛБ Банка, има за цел да ја промени сликата на секојдневната комуникација на релација банка - клиент.