Меѓународниот Балкански универзитет ги создава идните интернационални лидери
- Детали
- понеделник, 17 јуни 2019
Со најдобра програма за настава и учење во државата, според Шангајската листа, со иновативни методи на предавање, целосно на англиски јазик и со реномирани експерти во своите области како професори, Меѓународниот Балкански универзитет создава висококвалификуван кадар кој е конкурентен на меѓународните пазари на трудот.
Во прилог на ова оди и фактот што МБУ има највисок процент, над 90% на професионално ангажирани дипломци во првите 6 месеци по дипломирање, и тоа во целиот регион. Нивото и квалитетот на образовниот процес што ги нуди овој универзитет се зголемува со програмите и договорите за студентска мобилност, односно можност за размена преку договори што МБУ ги има со над 150 универзитети во 40-тина земји од Европа и светот, преку европската мрежа Еразмус+ и турската програма за студентска мобилност Мевлана. Создавањето интернационален кадар кој, според досегашното искуство, успешно се соочува со предизвиците на глобалните компании, е резултат и на силната и блиска соработка што Универзитетот ја има со компании од земјава и странство каде секојдневно се нуди квалификуваниот кадар произлезен од МБУ, подготвен да се соочи со секој работен предизвик.
Образовната програма е конципирана да обезбеди квалитетно образование преку таканаречена клиничка настава со гости предавачи, експерти во својата област, кои на студентите им го пренесуваат своето практично искуство и знаење. Покрај тоа, тука влегуваат и постојаните програми за практична настава, бројот на странски студенти кои го прават вистински меѓународен универзитет, како и оптималниот сооднос на бројот на студенти по академски кадар кој овозможува силна интеракција во образовниот процес и правилно советување и насочување на студенти за нивните кариери.
МБУ ја гради својата успешна приказна во нашата земја веќе 13 години и досега од овој универзитет излегле 9 генерации од додипломски и 5 генерации од мастер студиите. Универзитетот е составен од 7 факултети кои нудат 18 програми за додипломски и 10 програми за постдипломски студии. Наставата се одвива на најмодерниот универзитетски кампус во државата, користејќи нови технологии и стандарди во високото образование. Универзитетот во своето богато портфолио на факултети и студиски програми нуди можност за избор меѓу еден од следните факултети: Факултет за инженерство, Факултет за комуникации, Факултет за уметност и дизајн, Факултет за економски и административни науки, Факултет за образовни науки, Правен факултет и Факултет за хуманистички и општествени науки, а во процес на акредитација е и новиот Факултет за медицински науки и здравство.
Меѓународниот Балкански универзитет од почетокот на своето постоење се стреми кон создавање мултинационална и мултикултурна средина за своите студенти кои на пазарот на труд се препознатливи по самоувереноста, квалитетот и знаењето. Како глобално конкурентни интелектуалци и професионалци, студентите ја градат и зацврстуваат својата позиција и се наметнуваат како најдобар избор за секоја компанија која е во потрага по способни лидери.