Синот на Таско наполни една година: Две торти и забава со многу гости за Лукијан
- Детали
- понеделник, 24 јуни 2024
Точно на полноќ, познатиот музичар и неговата сопруга Наташа го изненадија синчето со роденденска торта украсена со цреши, а следниот ден му направија голема забава.
Лукијан, синот на Христијан Тасковски - Таско, наполни една година.
Нашиот музичар и неговата сопруга Наташа точно на полноќ на 22.06 го израдуваа Лукијан со роденденска торта и му пееја „Happy birthday“, а Таско го објави видеото на своето Инстаграм Стори.
Пред да ја дувне свеќичката на тортата, Лукијан изгледа изненадено и многу среќно.
Таско и Наташа во текот на денот за роденденот на синот направија и забава со многу гости. Овој пат за Лукијан имаше торта на два ката со црни и златни детали и свеќичка со бројот еден.
„Големата единица“, пишуваше на роденденската свеќичка и на роденденското пано, кое беше украсено со многу балони.
Ова е прво дете на Таско и Наташа, која е повторно бремена.
Парот во септември 2024 ќе го добие своето второ дете. Тие неодамна открија дека сега чекаат ќерка.
Повеќе фотографии од роденденот на Лукијан:
Прочитајте и Таско вторпат ќе стане татко, со сопругата го открија и полот на бебето (видео)
А. Ј. | Црнобело / Фото: Инстаграм Стори