Калиопи и мајка ѝ уживаат на Водно: „Животот е многу повреден со тебе“ (видео)

„Април е поубав со тебе мамо, а животот е многу повреден! Те сакам!“, напиша Калиопи на Инстаграм и сподели неколку среќни моменти со својата мајка.

kaliopi-i-majka-i-uzhivaat-na-vodno-zhivotot-e-mnogu-povreden-so-tebe-video-01.jpg

Поп-дивата Калиопи е постојано активна на социјалните мрежи, но многу ретко споделува семејни фотографии и видеа.

Токму затоа со новото видео на Инстаграм ги разнежи нејзините следбеници.

Screenshot_2024-04-03_091303.jpg

Калиопи ужива на Водно со својата мајка, ја бакнува, прегрнува, се смеат и уживаат во сончевиот ден и моментите поминати заедно.

„Април е поубав со тебе мамо, а животот е многу повреден! Те сакам!“, напиша Калиопи.

Таа видеото го дополни со песната „Знам“, која во 2023 ја испеа со Жељко Самарџиќ.

Токму Жељко беше еден од оние кои ѝ оставија коментар на Инстаграм.

„Среќи мили“, напиша тој, а Калиопи му одговори дека го сакаат.

Screenshot_2024-04-03_091636.jpg

Ова е една од малкуте објави што пејачката ги има со своето семејство.

Screenshot_2024-04-03_091715.jpg

Таа во времето на короната сподели неколку фотографии со сестра си и мајка ѝ.

Во 2022-ра Калиопи објави и фотографија со татко ѝ, но за да се прости од него, откако тој почина.

Инаку, пејачката изминатиот период ги сними песните за новиот албум и преку Инстаграм најави дека наскоро ќе го промовира пред својата публика.

Screenshot_2024-04-03_091655.jpg

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg