Активниот спортски живот бара посебна исхрана, независно дали станува збор за деца, младинци или професионалци. Желбата за напредок, да се победи во натпреварот, честопати е поврзана со стрес, но и потреба од дополнителна енергија која треба да ја внесеме во организмот. Внесот на енергија е "камен темелник на исхраната на спортистот" основа за долгорочен успех, во било кој спорт.