Како до најдобри спортски перформанси преку здрава исхрана!

Активниот спортски живот бара посебна исхрана, независно дали станува збор за деца, младинци или професионалци. Желбата за напредок, да се победи во натпреварот, честопати е поврзана со стрес, но и потреба од дополнителна енергија која треба да ја внесеме во организмот. Внесот на енергија е "камен темелник на исхраната на спортистот" основа за долгорочен успех, во било кој спорт.

kako-do-najdobri-sportski-performansi-preku-zdrava-ishrana-001.jpg

Телото дефинитивно има потреба од  вистинскиот тип на храна, онаа која дава енергија, содржи хранливи материи, како и потреба од течности за да се надоместат изгубените при физичкиот напор.

Правилната исхрана е исто така клучна компонента за подобрување на атлетскиот перформанс кај спортистите. За време на натпреварите,  најдобро е да се снабдиме со енергија која доаѓа од комплексни јаглехидрати, како што се целозрнестите жита, овошје и суво овошје.

Покрај изборот на храна, важно е и временскиот тајминг на исхрана. Секако тоа зависи од индивидуата, од возраста од типот на спорт и интензитетот. Особено интензивни и напорни знаат да бидат тениските натпревари, посебно за малите деца, а кои траат и до 1,5 час па и подолго. Токму едукацијата за детската спортска исхрана ќе има посебно место на претстојниот турнир за млади тенисери – Cherry Cup кој ќе се одржи овој викенд во Скопје. На него освен едукативни предавања и бесплатни совети од нутриционист ќе може да уживате во  вкусните закуски од Виталиа и да ги бодрите младите натпреварувачи. Повеќе за настанот на следниот линк  http://www.cherrycup.mk/

А, кога сме кај исхраната има и некои непишани правила. Во тој контекст нашата компанија за здрава храна, Виталиа дава неколку совети.  За највисоки енергетски нивоа, препорачано е да изберете  жита од Виталиа во комбинација со растителен напиток, и тоа 3-4 часа пред натпревар.

1-2 часа пред натпреварот најдобро е да се дополни енергијата со високо - енергетски бар како Raw Bar или некои од Виталиа житните барови.

Треба да се избегнуваат простите шеќери како бонбоните и засладените напитоци бидејќи можат да предизвикаат нагла промена во нивото на шеќер во крвта и нема да се обезбеди очекуваното кревање на енергијата.

Деца спортисти - на што треба особено да внимаваат!

Протеинот треба да се консумира во одредени количини, деца на возраст 6-10 години имаат потреба од 0.5-0.7g/kg телесна тежина. Консумација на продукти со ниско ниво на животински протеини, супер храна- како киноа, просо, хелда, мешунки и некои зеленчуци потполно ќе ги задоволат дневните протеински  потреби.

kako-do-najdobri-sportski-performansi-preku-zdrava-ishrana-01.jpg

Мастите се доста важни за младите спортисти бидејќи помагаат при апсорпција на липосолубилните витамини и го снабдуваат телото со потребните масни киселини. Најдобар избор се семињата кои содржат омега 3 и омега 6 масни киселини – ленено семе, чиа, сусам, сончоглед, тиква.

Витамините и минералите се неопходни за ослободување на енергијата која ја внесуваме преку храната. Идеален избор е секогаш ужинка од свежо овошје или зеленчук или брза on-the go алтернатива како Smoothie to go Antioxidant berry.

Секако не смеат да се заборават течностите, бидејќи го хидрираат телото. При физичка активност, мускулите се загреваат па затоа е потребно големо количество на течности за да стигнат до мускулите и да се изнесе топлината на површината. Децата особено се сензитивни при дисбаланс на течности и затоа мора да се внимава секогаш да им се обезбедува шише вода пред, за време и по тренинг. Најдобра течност е секако водата.

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg