На хуманитарниот базар во „Нова“ се собраа средства за Дневниот центар за деца на улица

Стотици граѓани викендов го посетија традиционалниот семеен базар во меѓународното училиште „Нова“ во Скопје на кој се собраа средства наменети за Дневниот центар за деца на улица - Шуто Оризари. Посетителите можеа да купат традиционални специјалитети од кујните на 14 држави претставени на Базарот, меѓу кои најпопуларните беа: американската, австралијанската, македонската и јапонската маса. Дополнително посетителите имаа можност да купат книги и  ракотворби од домашни и странски уметници. Се одржа и лотарија со вредни награди, музички точки кои ги подготвија учениците во „Нова“ додека најмалите гости уживаа во мини – зоолошка градина. Меѓу присутните беа повеќе амбасадори во нашата држава како и в.д. амбасадорката на САД во земјава, Микаела Швајцер – Блум како и голем број други видни гости.

na-humanitarniot-bazar-vo-nova-se-sobraa-sredstva-za-dnevniot-centar-za-deca-na-ulica-01.jpg

- Базарот е круна на сите општествено-одговорни активности кои се организираат во „Нова“ во текот на целата година со цел кај учениците да се всади чувство за одговорност кон заедницата во која живеат и работат. Настанот секоја година сè повеќе се развива и нешто што почна во многу помал размер сега зазема големи димензии. Бројот на луѓе кои го посетуваат базарот е сè поголем, а ние како образовна институција се трудиме да соработуваме со институции на кои навистина им е потребна помош и овие средства ќе им го олеснат секојдневието  - велат од меѓународното училиште „Нова“.

na-humanitarniot-bazar-vo-nova-se-sobraa-sredstva-za-dnevniot-centar-za-deca-na-ulica-02.jpg

Манифестацијата е организирана од Здружението на родители и професори од „Нова“ во соработка со училиштето. Досега дел од собраните средства на настанот биле наменети и за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника; Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје; Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“ итн.

na-humanitarniot-bazar-vo-nova-se-sobraa-sredstva-za-dnevniot-centar-za-deca-na-ulica-03.jpg

na-humanitarniot-bazar-vo-nova-se-sobraa-sredstva-za-dnevniot-centar-za-deca-na-ulica-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Учениците од ООУ: „Јохан Хајнрих - Песталоци“ го посетија центарот за селекција на отпадот Учениците од вторите одделенија при ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ од скопската о...
Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес... „Идејата за роденденот ми е уште од детството, бидејќи ги сакам коњите. Кога бев...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg