Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден?

Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што треба, а што не треба да правите на Света Варвара?

se-slavi-sveta-velikomachenichka-varvara-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovoj-den-01.jpg

На 17-ти декември православните христијани ја слават Светата Великомаченичка Варвара. Овој ден многу се слави во источните и југоисточните делови на Македонија, а се верува не треба да се оди по гости.

Според верувањата, тој што ќе ви дојде дома на гости се вика „полезник“ и ќе ви одреди каква ќе ви биде годината, во зависност од тоа дали има „лесна нога“ и каква личност е. Каква среќа ќе те полази, таква година ќе имаш.

Исто така, се верувало дека најубава среќа може да имате ако прво на гости ви дојде некое мало дете или, пак, ако тој што ќе дојде со себе носи свеж леб.

se-slavi-sveta-velikomachenichka-varvara-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovoj-den-02.jpg

Според традицијата, жените од некои делови на Македонија на Свети Варвара варат различни варива: пченка, пченица, грав, грашок, со цел во текот на годината да има бериќет и среќа.

Уште едно верување е дека на овој ден не треба да се вршат тешки работи, затоа што тоа што го правите на Света Варвара, ќе го правите во текот на целата година.

Која била оваа светица?

Света Варвара била ќерка на богатиот Диоскор, кој бил безбожен, па одлучил да ја заклучи својата ќерка во висока кула и поставил голем број слугинки за да ја служат.

Во кулата Варвара имала бања со два прозорци, па се верува дека гледајќи ги низ прозорецот земјата и ѕвезденото небо таа посакала да излезе од кулата.

se-slavi-sveta-velikomachenichka-varvara-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovoj-den-04.jpg

Така, во една пригода кога татко ѝ не бил дома, Варавара излегла и по Божја промисла се сретнала со некои христијанки коишто ѝ ја јавиле вистината на Христовата вера.

По враќањето дома, Варвара наредила во бањата да се отвори уште еден прозорец во симбол на Света Троица.

Кога татко ѝ дознал за нејзината вера, ја претепал и ја избркал од кулата, па ја прогонувал за да ја убие. Татко ѝ сам ја однел кај началникот Мартијан кој ја измачувал.

Се верува дека во затворот ѝ се јавил Ангелот кој ја исцелил. Кога тоа го видела една жена Јулијана, и самата посакала мачеништво.

se-slavi-sveta-velikomachenichka-varvara-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovoj-den-05.jpg

Двете жени биле измачувани и им биле отсечени градите, па биле однесени на губилиште, каде самиот татко ја убил Варвара.

Истиот тој ден, во куќата на Диоскор удрил гром и ги убил и него и началникот Мартијан. Нејзините мошти се чуваат во Киев, а се верува дека оваа светица им се јавува на сите, понекогаш сама, а понекогаш и со Пресвета Богородица.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Мартин од „Некст тајм“ ќе стане татко, објави фотки од трудничкото стомаче на сопругата Мартин сподели неколку фотографии со сопругата - додека ја бакнува во челото и ф...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg