Пакувај се како професионалец!
- Детали
- вторник, 14 мај 2019
Како секој патник има корист од транспарентната политика за багаж на Wizz Air...
Летото е на самиот праг, па време е да ја исчистите прашината од вашите ранци и торби со тркалца. Што може да донесете на летовите на Wizz Air? Зошто сите имаат корист од загарантираното право на секој патник на барем едно парче рачен багаж? Како ќе влијаете на временскиот перформанс доколку не ги чекирате вашите торби на портата? Добијте одговори на сите прашања поврзани со вашиот багаж подолу.
Европските патници се подготвуваат за уште една летна сезона - прва во рамките на транспарентната политика на багаж, воведена од Wizz Air минатата есен. Најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа сега нуди повеќе од 650 рути и истите фер правила за багаж важат каде и да одлучите да летате. Вие нема да морате да платите за нешто што не ви е потребно, па дури и процесот на чекирање ќе биде многу побрз и поудобен. Дозволете ни да објасниме како е сето ова истовремено можно.
Загарантирано бесплатно носење на рачна торба
Секој патник треба да знае дека има право на едно парче рачна торба на секој лет на Wizz Air - дури и ако не купува други дополнителни услуги. Тоа може да биде ранец, торба за лаптоп, женска чанта или било кој друг вид на торба се додека не надминува 40х30х20см и се вклопува под седиштето пред вас. Се разбира, можете да го ставите во надземниот багажен простор доколку има резервен простор, откако веќе ќе биде сместена секоја голема кабинска торба.
Патниците се советуваат да ги чуваат своите вредни предмети, пасоши, лекови, накит, пари и мобилни телефони во бесплатните рачни торби. Покрај тоа, тие можат да носат џемпер или ќебе, материјал за читање во текот на летот и предмети купени во бесцаринските продавници.
Јасни правила, помалку несигурност
Иако просторот е ограничен во преградите на надземниот багажен простор, сепак можете да ставите торба со тркалца – дополнително на малата која е загарантирана за сите. Тоа може да биде торба со тркалца или било каква друга торба, се додека нејзината големина не надминува 55х40х23см. Сѐ што треба да направите е да купите WIZZ Priority.
Скриената врска помеѓу багажот и точностa
Според сегашниот систем, секој патник знае однапред дали може да ја донесе неговата торба со тркалца на летот или не. Ова значи дека багажот не мора да се подредува и да се проверува за време на процесот на чекирање, што би одземало многу време. Ова во голема мера може да придонесе за навремениот перформанс на вашиот лет. Повеќето одложувања се предизвикани од тесните грла на капацитетите за контрола на времето и воздушниот сообраќај. Сепак, повеќе од 10.000 одложувања се предизвикани од проблеми поврзани со багажот. Јасните правила на Wizz Air имаат за цел да го намалат овој број.
Нашата политика на багаж е под влијание на уште еден интересен тренд. Во последниве години, просечната должина на престојот во одредена дестинација постојано се намалува. До сега, секој трет патник на Wizz Air патува три дена или помалку. Како последица на пократките патувања, патниците на WIZZ се пакуваат лесно и паметно.
Три вида на чекиран багаж. Со тркалца или без?
Врз основа на повратните информации од патниците и менувањето на патувачките навики, Wizz Air воведе дополнителна торба од 10 кг, дополнителна на сегашните од 20 и 32 кг, со цел да обезбеди уште поудобно патувачко искуство. Политиката за багаж на Wizz Air е политика на избор за патниците, бидејќи им овозможува на корисниците да изберат меѓу повеќе од 50 варијации на рачни торби и чекиран багаж во зависност од нивните индивидуални преференции. Максималната димензија за чекиран багаж е 171x149x119 cm, без оглед на тежината.
Патниците честопати прашуваат дали тркалата за багаж и рачките, како и екстерните џебови на ранците се вклучени во максималните димензии. Еве го одговорот: тркалата за багаж и рачките не се вклучени, така што тие може да се држат надвор од мерниот уред (се додека тркалата се помали од 5 см). Од друга страна, екстерните џебови на ранците мора да влезат во мерниот уред.
Непредвидени ситуации: најдоброто можно решение
Во некои ретки случаи авиокомпаниите можат да се соочат со ситуација каде што не можат да го сместат секое парче багаж во товарот поради екстремните временски услови или невообичаено големиот број и тежината на багажот. Вкупната тежина на целокупниот багажот е позната само неколку моменти пред полетувањето, бидејќи патниците понекогаш имаат помал багаж од она што им е дозволено или пак тие воопшто не се појавуваат.
Во исто време, временските услови може да предизвикаат потреба од повеќе гориво од вообичаеното, како мерка на претпазливост. Ваквите состојби вклучуваат силен ветер или прогноза за снег на аеродромот на самата дестинација, што може да предизвика авионот да се задржи некое време или да биде пренасочен кон друг аеродром.
Доколку се појави таква ситуација, нашата авиокомпанија прави сé што е во нејзина моќ да го најде најдоброто можно решение за патниците, притоа осигурувајќи дека безбедноста останува главен приоритет. Најдоброто решение обично е да се отстрани одреден број на случајно избран багаж од товарот за да се осигура дека авионот не ја надминува максималната полетна тежина. Отстранетиот багаж се пренесува до дестинацијата, а потоа до сопствениците со подоцнежен лет што е можно поскоро.