Презентирај го својот бизнис пред странски купувачи!

Овој септември, Скопје ќе биде по втор пат домаќин на интернационалниот Media Innovation Forum, голем настан посветен на медиумите, адвертајзингот и контент креаторите, со цел развивање на концептите на домашните протагонисти и нивна поголема независност. Локацијата е хотелот Хилтон, а датумот 12-ти септември.

prezentiraj-go-svojot-biznis-pred-stranski-kupuvaci-001.jpg

Се најавуваат звучни имиња од регионот и светот, а настанот ќе вклучува два дела: Форум каде присутните ќе чујат размена на пракси и споделување успешни приказни, и Buyers Salon каде бизнисите ќе можат да се претстават пред интернационални купувачи за можно партнерство и соработка. Поканети се сите контент креатори, медиски професионалци или куќи и продукции кои сметаат дека имаат производ што може да се продаде или развие регионално, да пријават интерес за учество со аплицирање за презентација (pitch) на www.mediainnovationforum.com.

Запрашан за минатогодишното искуство Влатко Огњановски од Good Mood Media ни го сподели следното: Единствен настан од овој тип и топло го препорачувам учеството. Имавме уникатна можност да добиеме фидбек за нашиот проект Фчерашни Новости од луѓе кои значат многу во светот на медиумите. Оттогаш ги развиваме контактите и ги шириме, со што ни се отвараат нови можности за развивање на овој и други проекти.

Секако, може да се пријавите и само како учесници во Форумот и да ги чуете регионалните и интернационални гости со кои ќе имате шанса да размените мислења и искуства преку пријавување за учество (attend) на www.mediainnovationforum.com.

Џулијан Робертс, маркетинг директор на гигантот за сајбер безбедност ESET, беше еден од интернационалните гости на минатогодишниот настан, искуство кое тој вели било исклучително пријатно.

“Минатата година ги слушавме челните луѓе на компании како Omnicom, ESET, Друи План - продукцијата која работи со HBO и Netflix во регионов, Time.mk, Fx3x, Vertigo Visual, IWM и други. Присутни беа речиси 100 учесници кои со гостите отворија многу теми. Годинава одиме чекор понатаму и имаме отворен повик за учество и презентација на своите бизниси. Ги охрабруваме сите да аплицираат за учество на www.mediainnovationforum.com и да ја искористат оваа навистина уникатна шанса”, велат од маркетинг агенцијата Еден на Еден, организациски партнер на настанот.

Би можело да ве интересира:

Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес... „Идејата за роденденот ми е уште од детството, бидејќи ги сакам коњите. Кога бев...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...
Синот на Таско наполни една година: Две торти и забава со многу гости за Лукијан Точно на полноќ, познатиот музичар и неговата сопруга Наташа го изненадија синче...
Јелена Спенџарска за животот во Солун: „Многу луѓе ќе ти најдат мана зашто потајно го посакуваат ист... „Многу луѓе и на Малдиви ќе најдат мана, многу во Охрид ќе најдат мир. Мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg