Јелена Спенџарска за животот во Солун: „Многу луѓе ќе ти најдат мана зашто потајно го посакуваат истото“
- Детали
- петок, 12 април 2024
„Многу луѓе и на Малдиви ќе најдат мана, многу во Охрид ќе најдат мир. Многу ќе ти најдат и на тебе мана зашто потајно го посакуваат истото, но можеби не успеале, можеби некој ги убедил дека не се доволно добри за тоа, а можеби и никогаш не собрале храброст да се обидат“, напиша Јелена Спенџарска на Инстаграм.
Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска, која живее на релација Македонија - Грција, на својот профил на Инстаграм објави неколку фотографии од Солун.
Фотките се направени покрај шеталиштето на море, но и во еден од рестораните покрај плоштадот Аристотели.
Таа во објавата повторно споделува размислување за својот живот во Солун, а поттикната од прашањата на луѓето во нејзината околина, за кои вели, дека ги интересира како таа се справува со сите позитивни и негативни ситуации што ѝ се случуваат.
„Животот во секоја смисла е поедноставен кога си во внатрешен мир“, почнува нејзината објава, па продолжува:
„Ова не знам како да го објаснам со зборови кога многу луѓе ме прашуваат како се справувам во одредени позитивни/негативни ситуации или големи/мали животни промени? Или најчестото, поврзано со мојот живот во Солун, каков е сега мојот живот таму?
Прво, тоа многу зависи и од твојот карактер, што имаш во себе и што очекуваш да најдеш и видиш надвор од себе. Многу луѓе и на Малдиви ќе најдат мана, многу во Охрид ќе најдат мир.
Многу луѓе ќе ти најдат и на тебе мана затоа што потајно го посакуваат истото, но можеби не успеале, можеби некој ги убедил дека не се доволно добри за тоа, а можеби и никогаш не собрале храброст да се обидат, па затоа егото се брани и не им дозволува да го признаат сопствениот пораз.
Многу е едноставно - нашиот надворешен свет е секогаш во склад со внатрешниот.
Ова, во мојот случај, во ситуација каде сè ти е ново, не познаваш никој, не зборуваш ист јазик, беше голем предизвик, но и тест. Која личност бираш да бидеш ти во непознатиот свет?
За мене Грција, за тебе било кое место каде што си сега, а не ти е родно! Да, има море, сонце, одлична храна, одлични услови, ама можностите, опциите, отворените или затворени врати, луѓето со кои комуницираш, начинот на кој ги доживуваш сите секојдневни искуства, зависат само и само од тоа како си 'програмиран' ментално (внатре) да гледаш на нив (надвор).
Многу луѓе мислат дека e обратно, а не е! Океј, Јелена, кога ќе го најдам мажот на мојот живот, тогаш ќе бидам среќна! Или, кога ќе си ја видам полна сметката во банка, е тогаш супер ќе ми биде.
Погрешно! Обратно е! Прво е внатрешното чувство на мир, задоволство и благодарност за сè она што го имаме во овој момент иако не е токму тоа кое сме си го посакале.
Баш тој недостиг за нијанса повеќе ни покажува колку многу е искрена нашата желба.
Без разлика каде и да одиш во светот, низ каква и ситуација да поминуваш во овој момент, начинот на кој реагираш кон тоа што се случува е клучот!
Или бираш да бидеш жртвата и тивко набљудуваш од публиката или одлучуваш да бидеш во главната улога, се качуваш на сцената и ја создаваш претставата - твојот сопствен живот! Само од тебе!
А. Ј. | Црнобело