ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за лажни маил пораки преку фалсификување на идентитетот на Охридска банка АД Скопје
- Детали
- среда, 12 јуни 2019
Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на меил пораки.
Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од мејлот Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со предмет: Известување за девизен прилив од кои се бара итна потврда за наводно пристигнат девизен прилив.
Охридска Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака ДА НЕ ГО ОТВАРААТ ПРИЛОГОТ НА ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕИЛ АДРЕСАТА Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за да се заштитат од злоупотреба на податоците. Доколку во меѓувреме прилогот на меилот е отворен, побарајте помош од ИТ професионалец. Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.
Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите.