Управата за храна и лекови на САД (FDA) ја одобри продажбата на IQOS уредите на Филип Морис

Одлуката ќе ја зајакне позицијата на компанијата во намерата за промоција на производите со "намален ризик", бидејќи цигарите полека излегуваат од мода.

upravata-za-hrana-i-lekovi-na-sad-fda-ja-odobri-prodazbata-na-iqos-uredite-na-filip-moris-001.jpg

Регулаторите му дадоа на Philip Morris International зелено светло за продажба во САД на нивните уреди кои го загреваат тутунот, отворајќи го патот за тутунскиот гигант да се натпреварува со старт – ап компанијата за електронски цигари Juul за дел од брзорастечкиот пазар за алтернативи на тутун.

Во долгоочекуваната пресуда, американската Управа за храна и лекови (ФДА) во вторникот објави дека дала зелено светло на IQOS уредите откако компанијата ги уверила службениците дека нивоата на токсини навистина се пониски отколку кај традиционалните цигари.

Одобрението ќе помогне да се изгради доверба кај инвеститорите дека тутунскиот гигант може да изгради профитабилен нов бизнис, бидејќи потрошувачите кои се свесни за здравјето, сѐ повеќе ги отфрлаат традиционалните цигари. Индустријата вложува големи средства во електронските цигари и други уреди за да ги замени цигарите.

IQOS се уреди кои наликуваат на цигари и кои го затоплуваат тутунот, а не го горат. Уредите беа лансирани пред три години во Јапонија и тие го сочинуваат главниот столб на движењето на PMI кон т.н. производи со „намален ризик“.

Андре Каланцопулос, главен извршен директор на PMI, рече дека одлуката е "важен чекор напред за околу 40 милиони американски мажи и жени кои пушат".

Тој рече: "Некои ќе се откажат. Повеќето нема, а за нив IQOS нуди алтернатива „без чад“  за продолжување на пушењето. "

Управата за храна и лекови допрва треба да дозволи IQOS да биде обележан како побезбеден од традиционалните цигари, меѓутоа тие се оптимисти кога е во прашање пресудата на Вол Стрит. Засега, производот мора да се придржува до истите строги регулаторни стандарди како и цигарите.

"Одобрувањето на нови производи од тутун не значи дека тие се безбедни", рече Мич Зелер, директор на Центарот за тутунски производи на Управата за храна и лекови. Тој додаде дека агенцијата внимателно ќе ги следи IQOS уредите, вклучувајќи го и интензитетот на користење кај младите луѓе.

IQOS ќе бидат продавани и дистрибуирани во САД од страна на Altria, американскиот производител на цигари, од кој PMI се одвои пред повеќе од една деценија.

Продажбата ќе започне првично во Атланта, Џорџија, бидејќи компаниите сакаат да "научат колку што е можно повеќе, што е можно побрзо", рече Хауард Вилард, главен извршен директор на Altria. Производите ќе бидат дистрибуирани на околу 500 трговци во градот, вклучувајќи и посебна IQOS продавница во трговскиот центар Lenox.

Одобрувањето дојде порано од очекуваното, изјави Крис Грау, аналитичар во Stifel. Тој очекува уредот да се продава за околу 70 долари, што би требало да се покаже како превисока цена за тинејџерите.

Под раководството на поранешниот шеф Скот Готлиб, Управата за храна и лекови воведе ограничувања за е-цигари во борба против порастот на нивната популарност меѓу младите. Претходно овој месец, Управата соопшти дека испитува дали употребата на е-цигари го зголемува ризикот од напади.

Сепак, г-динот Зелер во вторникот го призна потенцијалот на новата технологија за "целосно да ги оддалечи возрасните пушачи од употребата на согорливите цигари".

Акциите на PMI на американската берзата во вторникот се зголемија за 2 отсто, а оние на Altria се зголемиja за 1,5 отсто.

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Со љубовно писмо, Петар ја запроси саканата Верица на Св. Јован Канео во Охрид „Петар ми пишува преубави писма, па кога седнавме спроти Св. Јован Канео, извади...
Враќањето на Сашко Коцев и Врчак пречекано со овации - Како си поминавме на Златна Бубамара '24? Сашко Коцев по една година се врати на сцената на „Бубамара“ и откри се сликал з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg