Позитивни резултати од работењето на Телеком за првиот квартал од 2019

pozitivni-rezultati-od-rabotenjeto-na-telekom-za-prviot-kvartal-od-2019-001.jpg

  • Пораст на бројот на корисници на широкопојасен интернет, IPTV и на мобилни услуги  
  • Раст од 8,3 отсто на семејствата покриени со оптички пристап
  • Нето добивката во првите три месеци бележи зголемување од 5,1 отсто

Македонски Телеком оствари позитивни трендови во работењето во првите три месеци од 2019 година, зголемена е профитабилноста, а компанијата континуирано има пораст на бројот на корисници на широкопојасен интернет, во IPTV сегментот и мобилните услуги.

Приходите од продажба се зголемени за 0,7 отсто и изнесуваат 2.519 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на крајот од првите три месеци од 2019 година е благо намалена за 0,8 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката за првите три месеци од 2019 година бележи раст од 5,1 отсто.

Пораст на корисници на широкопојасен интернет, на IPTV и мобилни услуги, се шири оптичката мрежа до повеќе домаќинства

Компанијата има позитивен тренд на движење и пораст на приходите од малопродажен интернет и од дигиталната телевизија. Приходите од малопродажен интернет се зголемени за 2,8 отсто. На крајот од првите три месеци од 2019 година  има пораст на корисниците на широкопојасен интернет за 5,2 отсто, а вкупниот број изнесува 197,5 илјади корисници.
Приходите од дигиталната телевизија пак, се зголемени за 14,4 отсто. Истовремено, продолжи трендот на пораст на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, Интернет&ТВ и други ТВ услуги) за 9,4 отсто, што на крајот од првите три месеци од 2019 година резултира со база од 130,3 илјади корисници.
Македонски Телеком континуирано инвестира во оптичката мрежа, а како резултат на посветеноста за ширење на најнапредната технологија којашто овозможува супер брз интернет, компанијата бележи пораст од 8,3 отсто на семејствата покриени со оптика спредено со истиот период изминатата година. Инвестициите во инфраструктурата, на крајот од првите три месеци од 2019 година придонесоа дури 31,6 отсто од домаќинствата во Македонија да имаат пристап до оптиката на Македонски Телеком.

Зголемен уделот и на претплатници во мобилната мрежа, пораст на приходите од неговорни услуги

Македонски Телеком во првите три месеци од 2019 година, го зголеми и уделот на претплатници на мобилна телефонија за 1,2 отсто. Компанијата има 1.188 илјади претплатници и удел од 49,6 отсто на пазарот на мобилната телефонија, според интерна проценка. Приходите од мобилни неговорни услуги на крајот од првите три месеци од 2019 година се зголемени за 10,8 отсто во споредба со претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем GPRS сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели.

„Со континуирана посветеност да обезбедиме квалитетна и сигурна инфраструктура и комуникациски услуги успеавме да оствариме уште подобри резултати во првиот квартал од 2019 во однос на истиот период минатата година. Позитивен тренд е присутен во повеќе сегменти од нашето работење. Имаме зголемување на бројот на претплатници на широкопојасен интернет, на IPTV корисниците, континиурано ја шириме и оптичката мрежа со што обезбедуваме пристап до врвна технологија и супер брз интернет. Во таа насока, следејќи го интересот на корисниците во наредниот период ќе се фокусираме на конвергентните услуги и ќе настојуваме оптичката мрежа да стане достапна за  поголем број на граѓани на државата. Остануваме посветени на подобрување на инфраструктурата како основа за развој на новите технологии и услуги“, изјави главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев. 

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонски инфлуенсерки кои блескаат со труднички сјај Шијакоска и Ѓоргиева се другарки бремени во исто време, Софија Јанева сподели де...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Тони Зен со семејството во Италија, Катарина ужива со ќерката на Охридско Езеро: Што прават македонс... Поп-дивата Калиопи одржа концерт за паметење во Охрид, а во празничниот илинденс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg