Македонски инфлуенсерки кои блескаат со труднички сјај
- Детали
- среда, 14 август 2024
Шијакоска и Ѓоргиева се другарки бремени во исто време, Софија Јанева сподели дека е бремена со фотки од откривањето на полот во скопски локал – македонски инфлуенсерки кои летово се бремени.
Додека некои познати Македонки ја кријат бременоста до последен момент, други немаат проблем најубавата вест да ја споделат со своите фанови.
Во изминатите неколку месеци, повеќе македонски инфлуенсерки на уникатен начин објавија дека се бремени.
Некои од нив го очекуваат своето прво дете, а други второто, но секоја од нив блеска со труднички сјај на фотките кои ги објавуваат на социјалните мрежи.
Македонски инфлуенсерки кои годинава ќе имаат бебе:
Ангела Ѓоргиева
Во мај 2024, Ангела објави фотосесија со сопругот и синчето Лиам, кој држи ехо-снимки од второто бебе кое парот го очекува оваа есен.
Александра Шијакоска
Во јуни 2024, битолчанката Александра објави романтично видео со сопругот од плажа, во кое го покажува трудничкото стомаче и ехо снимка од бебето кое го очекуваат.
Валерија Преспаноска
Овој март, инфлуенсерката Валерија објави фотосесија во природа со саканиот, каде држат ехо-снимки од нивното бебе кое го очекуваат годинава, а оттогаш таа редовно објавува фотки од кул модни аутфити со трудничко стомаче.
Софија Јанева
Инфлуенсерката Софија Јанева, на 13 август објави фотки од откривањето на полот во скопски локал за најблиските – со балони во розова и сина боја, ехо снимки и табла за гостите да погодуваат. Софија очекува момче.
Ирина Дишовска
Македонската планинарка и инфлуенсерка Ирина Дишовска, сопруга на Павле Камилоски, во јули годинава објави фотка со трудничкото стомаче и неодамна соопшти дека синот Јосиф ќе добие сестричка.
М. М. | Црнобело