Уште една успешна приказна на Code App Level Up 5: Startup Edition Powered by Vip
- Детали
- вторник, 23 април 2019
Скопје, 23 април 2019г. – Успешно заврши уште едно издание на Code App Level Up 5: Startup Edition Powered by Vip, еден од најуспешните настани за млади инженери, дизајнери и претприемачи организиран од EESTEC LC Skopje.
Code App Level Up 5: Startup Edition Powered by Vip веќе петта година по ред е еден од најуспешните студентски настани кој им помага на младите инженери и дизајнери да го надградат своето знаење и да работат на реални проекти кои подоцна можат да ги имплементираат во бизниси. Оваа година носечка тема на настанот беше претприемаштвото, a учесниците имаа можност да работат во тимови предводени од ментори кои веќе се докажани стартапери и кои им помогнаа во имплементација на својата идеја.
По една недела активно работење на развој на веб решенија од страна на младите инжинери, дизајнери и претприемачи настанот заврши со финалето Get in the Ring кое се одржа овој викенд и каде што тимовите имаа можност да ги презентираат своите идеи пред ментори и судии од земјата и странство. Победничкиот тим Мелиус, како награда за својата идеја доби учество на глобалната Get in the Ring конференција во Берлин, Германија, како и деловен простор каде што тимот ќе продолжи со работа и ќе ја имплементира својата идеја во реалниот сектор Втори и трети на листа беа Startuvaj.mk и Резимирани, кои добија учество на регионалната ИТ конференција DigitalK во Софија, Бугарија,односно присуство на Spark.me во Црна Гора, како и деловен простор за работа.
Vip уште еднаш ја покажа својата определба за поддршка на младите во градење на нивната кариера, дополнително вработените во Vip ја превземаа улогата на ментори и несебично ги споделија своите знаења. На самото отворање на Code App Level Up 5: Startup Edition Powered by Vip на учесниците им се обрати Стефан Јовановски, Раководител на Одделот за човечки ресурси, а учесниците имаа можност и да го слушнат обраќањето и на Иван Скендер, Главен директор за Бизнис Трансформација во А1 Хрватска.